Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Петровска – Валандер: силно стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД, истакната конструктивната улога на Северна Македонија за регионалната безбедност
Македонија

Средба Петровска – Валандер: силно стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД, истакната конструктивната улога на Северна Македонија за регионалната безбедност

16/11/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во рамки на Министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба се сретна со помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер со која разговараше за македонско-американската одбранбена соработка, заедничките обуки и вежби, како и за улогата на нашата држава во регионалната безбедност и стабилност.

Министерката Петровска изрази задоволство од резултатот на состанокот на А5 иницијативата и отворените дискусии на сесиите кои уште еднаш ја потврдија решеноста на земјите членки за соработка во одбраната и безбедноста, во справувањето со дезинформациите и хибридните закани и во поддршката за решавање на сите отворени прашања низ дијалог и соработка.

Улогата на САД како покровител на иницијативата е од особено значење за нејзиниот успех –подвлече Петровска.

Во контекст на стратешкото партнерство и сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, Петровска се заблагодари за поддршката на САД во развојот на капацитетите на одбраната.

„Посветени сме на нашето сојузништво и меѓусебната поддршка. Благодарни сме за сета досегашна американска поддршка во развојот на македонската Армија и особено во модернизацијата и опремувањето на вооружените сили. Северна Македонија обрнува посебно внимание на овој процес, со постојано зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе продолжат и во 2024 година“, рече министерката.

Петровска се осврна и на заедничките вежби за кои рече дека се најдобар начин да се изгради интероперабилност помеѓу сојузниците.

„Високо ја цениме секоја можност да вежбаме и да се обучуваме заедно зашто така учиме едни од други и едни за други. Овие вежби нè прават посилни и побезбедни“, потенцираше Петровска која го спомена и полигонот „Криволак“, како капацитет кој изминатите години ја покажа својата вредност како полигон за обука.

Министерката Петровска и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Валандер разговараа и за предизвиците по глобалната безбедност, при што уште еднаш ја осудија руската агресија врз Украина .

Помошничката на секретарот за одбрана Валандер истакна дека САД ја ценат конструктивната улога на Северна Македонија за стабилноста на регионот и ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во развојот на одбранбените способности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy