Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Јавните инвестиции ќе го движат растот, автопатите и железницата ја менуваат економската слика
Економија

Бесими: Јавните инвестиции ќе го движат растот, автопатите и железницата ја менуваат економската слика

16/11/2023

AA

Со Предлог-буџетот за 2024 година ја менуваме економската слика во земјата. Имаме проекции за повисоки расходи и приходи, но понизок дефицит и капитални расходи од 733 милиони евра. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Централниот дневник на МРТ во кое потенцира дека е најважна структурата на буџетот.

„Она што е важна е каква е структурата на Буџетот, бидејќи станува збор за пари на граѓаните и стопанството, што преку даноци се финансираат сите потреби. Така во предлог-буџетот за 2024 година имаме многу повисоки позиции во однос на претходната година. Приходите се планираат со раст од 10 отсто, расходите со раст од 5,8 проценти, што значи намалување на дефицитот на 3,4 отсто, кој во 2020 година, во време на Ковид беше 8 проценти. При тоа имаме зголемување на капитални расходи кои од 262 милиони евра во 2020 година се зголемуваат на 733 милиони евра, што е повеќе од два пати. Исто така, имаме 18 отсто раст во делот на плати, а притоа намалување на дефицит на 3,4 проценти, кој во 2020 беше 8 отсто од БДП“, истакна министерот Бесими.

Тој потенцира дека веќе е воспоставен тренд на реализација на капитални инвестиции од над 70-80 проценти и дека во оваа година веќе се реализирани 500 милиони евра инвестиции од планираните 730 милиони евра кои се пак за 95 отсто повеќе во споредба со претходната година.

„Имаме големи инфраструктурни проекти и тоа конкретни проекти кои се познати како автопатиштата на Коридор 8 и 10д, железничката пруга од Коридорот – 8 кон Бугарија, каде имаме грант, исто така финансирани проекти од ЕБОР за НОМАГАС и други како во образование здравство, енергетика. Тоа се конкретни проекти кои се веќе во тек и кои ја менуваат економската слика за идната година“.

Министерот очекува дека реализацијата на планираните капитални расходи, односно јавните инвестиции заедно инвестициите во приватниот сектор, за кои, исто така, има повеќе програми, ќе бидат моторот за економски раст, кој е проектиран на 3,4 отсто.

„Растот на економијата е проектиран на 3,4 проценти, а на што најголемо влијание ќе имаат јавните инвестиции кај кои има раст од околу 8 отсто, како и потрошувачката која ќе забележи раст со оглед на растот на платите кој е веќе реален од април наваму со оглед на тоа што раст на платите ќе има и во наредната година, а имаме едноцифрена инфлација“, посочи Бесими и додаде дека инпут ќе има и приватниот сектор. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
Македонија

Почина 16 годишно момче на скопските клиники – му се

26/07/2026
Македонија

Трагедија кај Градско: 81-годишен тракторист загина откако излетал од патот

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар повторно да биде технички

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44674
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат

26/07/2026

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026

Човечки череп и други предмети биле пронајдени во близина на македонско-албанската граница, во атарот на селото Лабуништа, соопшти Министерството за

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за жртвите од земјотресот

26/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска со порака на сеќавање и почит кон жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy