Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Османи-Нарбаева во Ташкент: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност
Македонија

Средба Османи-Нарбаева во Ташкент: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност

09/08/2023

AA

Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ја започна посетата на Централна Азија.

 

Во фокус на средбата Османи-Нарбаева беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од главните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

 

„Во таа насока, Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, заедно со Секретаријатот соработува со сите владини институции за спроведување на Националната стратегија за постигнување на родова еднаквост до 2030 година. За поздравување е и одобрувањето на Националниот акциски план за жени, мир и безбедност“, истакна Османи на средбата со Нарбаева.

 

Покрај на легислативата што се однесува на подобрување на позицијата на жените во општеството, Сенатот на Узбекистан тесно соработува со ОБСЕ и за спроведување на реформите и во други области, како и зајакнување на парламентарниот надзор врз безбедносниот сектор и градење на капацитетите на претставниците на Парламентот во Узбекистан.

 

„ОБСЕ е подготвена да даде поддршка и во насока на спроведување на препораките на ОДИХР, како и во други области. Крајната цел на поддршката што ОБСЕ им ја дава на државните власти на Узбекистан е креирање на политики во полза на граѓаните и во насока на зацврстување на демократските процеси“, рече Османи на средбата.

 

Во рамки на посетата на Узбекистан, Османи во Ташкент ќе се сретне и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, а со министерот за надворешни работи, Бахтијор Саидов ќе има заедничка прес-конференција.

 

Покрај средбите со државниот врв, на агендата на Претседавачот се средби и со претставници на граѓанското општество, а Османи ќе ја посети и Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy