Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на Ангеловска-Бежоска и тимот со високи претставници на ИФЦ: Народната банка се профилира како лидер за поддршка на зелената транзиција
Македонија

Средба на Ангеловска-Бежоска и тимот со високи претставници на ИФЦ: Народната банка се профилира како лидер за поддршка на зелената транзиција

15/12/2023

AA

Поддршката на меѓународните финансиски организации е суштинска во процесот за поттикнување и обезбедување финансии во спроведувањето на зелената транзиција, за која се потребни значителни инвестиции. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами и главниот економист Анета Крстевска и делегација на високи претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), во состав Рана Карадеш-Хадад, регионална директорка за Европа, Николас Маркије, регионален менаџер за Западен Балкан и Висар Пирани, офицер во Канцеларијата на ИФЦ на Косово и Северна Македонија.

На средбата беше искажано задоволство од поддршката којашто ИФЦ ѝ ја дава на нашата земја преку проекти за развој на приватниот сектор, како и проекти поврзани со зелената транзиција. Притоа, гувернерката Ангеловска-Бежоска информира за напредокот на активностите на Народната банка поврзани со климатските промени, коишто се во рамки на стратегиските приоритети на централната банка. Таа се осврна на најновите мерки коишто се однесуваат на регулаторните барања за вградување и известување од страна на банките за ризиците поврзани со климатските промени, како и усвојувањето на Среднорочниот план на активностите на Народната банка во овој домен за периодот 2023 ‒ 2025 година. Планот е сеопфатна рамка за управувањето со ризиците од климатските промени од страна на централната банка, којашто предвидува повеќе активности во областа на регулативата и супервизијата за климатските ризици, вклучително и стрес-тестирања на домашните банки поврзани со климатските промени.

ИФЦ искажа поддршка за активностите коишто ги презема централната банка за справување со ризиците од климатските промени, заради одржување на една од нејзините основни цели, односно финансиска стабилност. Посочи дека се преземени бројни конкретни чекори поврзани со јакнењето на отпорноста на банките на климатските ризици и зголемувањето на нивниот потенцијал за финансирање на зелената транзиција. Од ИФЦ се осврнаа на проектите коишто се планираат во следниот период, во делот на зелената економија и одржливото земјоделство, при што посочија дека ИФЦ секогаш ќе биде посветена на развојот на нашата земја.

Народната банка изрази интерес и за воспоставување соработка од аспект на финансиската едукација и инклузија, особено од аспект на родовата еднаквост и вклучувањето на лицата со попреченост. ИФЦ ја поддржа иницијативата и искажа подготвеност за натамошна координација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy