Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Ковачевски – Вучиќ – Рама: Отворен Балкан значи нови отворени можности!
Македонија

Средба Ковачевски – Вучиќ – Рама: Отворен Балкан значи нови отворени можности!

02/04/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска остварија трилатерална средба во Бордалино, Италија, како дел од програмата на работната посета на меѓународниот саем за вино „Винитали“ каде лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји, на заедничкиот штанд на Отворен Балкан.

На средбата се разговараше за имплементација на активностите во рамките на регионалната иницијатива Отворен Балкан, како и заедничкото учество на меѓународниот саем за вино „Винитали“, кој годинава се одржува по 55-ти пат.

Беше истакнато дека со заедничкото претставување на саемот „Винитали“, еден од винските саеми со највисок квалитет на глобално ниво, го носиме и промовираме винскиот и туристичкиот квалитет на трите земји поблиску до светската публика и потенцијалните инвеститори.

Констатирано е дека на заедничкиот Отворен Балкан штанд, македонските, српските и албанските винарии и вина стојат рамо до рамо со светските врвни производители. На заедничкиот настап на трите земји на саемот за вино „Винитали“ се гледа како огромна можност за промоција, вмрежување, привлекување на странски инвеститори и отварање нови пазари.

На средбата, беше потенцирано дека од летово можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност. Правото на пристап до пазарите на труд во трите држави ќе се стекнува многу побрзо и поедноставно, со електронско издавање на Отворен Балкан идентификациски број и издаден единствен матичен број за странец од Министерство за внатрешни работи, по извршените соодветни проверки.

Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат Отворен Балкан идентификациски број им се овозможува непречен престој од две години во кој период имаат право да најдат работа.

На состанокот, исто така, беше нагласено олеснувањето и забрзувањето на протокот на стоки и подобрувањето на трговската размена меѓу трите земји со воведувањето на зелените ленти на граничните премини.

Беше поздравено и нагласено потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Северна Македонија и Србија за граничниот премин Табановце, со којшто се предвидува инфраструктурно проширување на бројот на сообраќајните ленти на преминот Табановце – Прешево, поставување или подобрување на сообраќајните сигнали, како и дополнителна инфраструктурна опрема на овој премин, како и воспоставување нови процедури за гранична проверка за забрзано преминување на патниците и возилата на граничниот премин.

Исто така, во врска со граничниот премин на Северна Македонија со Албанија, Ќафасан, беше истакнато дека се формирани работни групи кои почнуваат да работат на наоѓање решенија за целосна функционалност на „Оne Stop Shop“.

На состанокот се разговараше и за можни идни активности како Отворен Балкан – младински камп, саем за храна, филмски фестивал но и можноста за отворање на границите меѓу трите земји.

На состанокот беа договорени конкретни следни чекори за имплементирање на придобивките од Отворен Балкан односно патоказ со конкретни проекти кои би се реализирале во наредниот период, а од кои ќе имаат придобивки економиите на трите земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46971
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена од Гостивар со тешки повреди

27/11/2026

Жена од Гостивар била брутално претепана од сопругот, по што со тешки повреди завршила во болница, дознава Плусинфо. Од СВР

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ ЈА УКРАЛ ЧАНТАТА Разбојникот извадил

27/11/2026

Жена во Тетово останала без 4.000 денари откако маж ѝ се заканил со нож додека седела пред кафетерија и пиела

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА СООБРАЌАЈОТ Целосен прекин на магистралата

27/11/2026

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Скопје вечерва е целосно во прекин кај селото Ботун, откако патничко возило излетало од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy