
СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува
Среброто и паладиумот овие недели губат на вредност, додека цената на златото повторно расте. Ова е директен одраз на зголемената инфлација во САД.
Цената се зголеми за 0,1 отсто на 2.374,14 долари за унца во почетокот на тргувањето. Цената неделава порасна за 0,7 отсто. Фјучерсите на американското злато се задржаа стабилно на 2.383,20 долари.
Индексот на доларот се намали за 0,6 отсто во текот на неделата во однос на останатите валути, што го прави златото поевтино за трговците со други светски валути.
Цената на среброто се намали за 0,2 отсто на 29,53 долари за унца, откако го достигна највисокото тригодишно ниво во претходната сесија. Паладиумот поевтини за 1,1 отсто на 982,77 долари, а цената на платината се зголеми за 0,3 отсто на 1.060,15 долари и се искачи на највисокото ниво во една година. Во светот во последно време расте и цената на бакарот. Секогаш кога има значајни геополитички случувања, цените на златото растат.
