Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРЕЌНА УЧЕБНА ГОДИНА СО ТАВ АЕРОДРОМИ: ДОНИРАНИ НАД 100 УЧИЛИШНИ ПАКЕТИ НА ДЕЦА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
Економија

СРЕЌНА УЧЕБНА ГОДИНА СО ТАВ АЕРОДРОМИ: ДОНИРАНИ НАД 100 УЧИЛИШНИ ПАКЕТИ НА ДЕЦА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

24/08/2024

AA

Пред почетокот на новата учебна година, ТАВ Македонијаим донираше ранци полни со училишен прибор на повеќе од 100 деца од семејства кои живеат во социјален ризик во општините Илинден и Петровец, посакувајќи им среќен почеток на учебната 2024/2025 година.

Во соработка со здружението за хуманитарно-социјален развој „Проект среќа“ и нивниот проект насловен „Среќна учебна година“ и во соработка со двете заедници од општините Илинден и Петровец, над 100 ученици од три основни училишта, ООУ Ристо Крле и ООУ Гоце Делчев – двете од Илинден и ООУ Кочо Рацин од Петровец, добија училишни комплети.

„Воодушевен сум што како ТАВ Аеродроми постојано наоѓаме начини за поддршка на локалните заедници кои се во најблиската близина на нашите аеродроми. Овој пат, нашиот проект за општествена одговорност ги поддржува најмладите, над 100 деца од 3 основни училишта, кои потекнуваат од семејства кои живеат во социјален ризик во општините во соседството на Меѓународниот Аеродром Скопје. Благодарение на нашата долгогодишна соработка со невладината организација „Проект среќа“, а овој пат и со општините Илинден и Петровец, со оваа донација сакаме да поттикнеме насмевки на децата, да придонесеме за нивната среќа и подготвеност за стекнување нови знаења. ТАВ Аеродроми како компанија ќе ја продолжи својата мисија – да поддржува и позитивно да влијае на заедниците и на општеството“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Вработени-волонтери од Меѓународниот Аеродром Скопје ги спакуваа училишните комплети, додека генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, оваа донација им ја предаде на трите училишта од Илинден и од Петровец.

Со донацијата што вчера (23 август) им беше врачена на основните училишта во Илинден и во Петровец, преку проектот на “Проект среќа” насловен „Среќна учебна година“, 112 деца од семејства во социјален ризик, се подготвени за свеж и успешен почеток на новата учебна година.

ТАВ Македонија се стреми да генерира трајни вредности кои ги надминуваат нејзините корпоративни граници преку искористување на своите ресурси во иницијативи за општествена одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ СРАМНО ИЗГУБИ КОНТРОЛА Силни

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45921
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија и Италија ќе разменуваат искуства

01/10/2026

Време е законите целосно да почнат да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично

01/10/2026

Во тензична атмосфера се одвива денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое бранителите на 34 обвинети

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од МВР за големата акција за

01/10/2026

Сузбиена е организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, а поднесена е кривична пријава против

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy