Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват
Регион

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

11/06/2025

AA

Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ,  Србија би сакала да обнови еден или два града или, пак, помал регион во Украина. 

Toj на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса изјави дека со тоа да им обезбеди поддршка на граѓаните на таа држава.

„Би сакал да ја добијам вашата поддршка, претседателе Зеленски, за да избереме еден или два града или помал регион што можеме да го обновиме и мислам дека тоа би било нешто многу видливо за народот на Украина ако добијат јасна поддршка“, рече Вучиќ во своето обраќање на првата сесија на Самитот.

Тој додаде дека Азербејџан веќе направил нешто слично во Украина и дека тоа би било многу важно кога станува збор за хуманитарна помош и сите други прашања кои, како што истакна, вклучуваат политичка поддршка за територијалниот интегритет на Украина.

„Она што можам да го кажам во име на мојата земја е дека Србија ќе продолжи цврсто да се придржува до Повелбата на ООН и меѓународното јавно право, што вклучува заштита на територијалниот интегритет на земјите признати од ОН како најважен принцип. Ние секогаш сме се залагале за ова и, како што реков, ќе бидеме цврсти во таа позиција и мислам дека на некој начин тоа може да биде корисно и за Украина. Подготвени сме да ве слушаме и да ве чуеме и да видиме како можеме да ви пружиме помош и поддршка. Ви благодарам уште еднаш што нè примивте и се надевам дека барем ќе можеме да придонесеме нешто за украинскиот народ без никакви големи слогани или нешто слично. Мислам дека вашиот народ навистина го заслужува тоа“, рече Вучиќ.

Србија е една од ретките земји кои не воведоа санкции за Русија поради инвазијата на Украина, но од руска страна имаше и тврдење дека тие продаваат оружје на Украина. Русија и Украина повеќе од три години се во војна. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42369
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по полноќ од земјотрес од 3,1

11/04/2026

Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска беше почувствуван во источниот дел на државата. Според информациите на Сеизмолошка

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy