
Србија е најголем пријател, а Бугарија најголема закана за Македонија
Македонските граѓани за најголем пријател ја сметаат Србија, а најголема закана по земјата претставува Бугарија, покажа Истражувањето на Центарот за европски стратегии „Евротинк“.
На прашањето која држава или меѓународна организација е најголем пријател на Македонија – 37 отсто ја кажале Србија, втори на листата се САД со 11,4 отсто, а по нив се Турција и ЕУ. Дури 42 отсто од граѓаните сметаат дека има држава или меѓународна организација која е закана за Македонија. Од нив, со 27,4 отсто како најголема закана убедливо прва ја навеле Бугарија, а втора е Русија со 4 отсто.
Резултатите од анкетата покажуваат и пораст на евроскептицизмот меѓу макеоднските граѓани. Поддршката за членство во ЕУ паднала на 49 отсто, а расте и процентот на луѓето кои сметаат дека Унијата не ја третира Македонија соодветно. Дури 65 отсто од испитаниците, или речиси третина повеќе во однос на 2021, сметаат дека ЕУ се однесува нефер и уценувачки кон Македонија.