Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СПРЕМНИ ЛИ СТЕ ДА ЈА ЧУВАТЕ ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА: Нов оглас за работа во НБ, се бараат три лица за две позиции, еве колкави се платите
Економија

СПРЕМНИ ЛИ СТЕ ДА ЈА ЧУВАТЕ ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА: Нов оглас за работа во НБ, се бараат три лица за две позиции, еве колкави се платите

16/08/2023

AA

Нов оглас за пополнување работно место во централната банка осамна на нивната веб страна. Народна банка на Македонија бара три лица кои ќе работат на определено работно време од една година во нивната Дирекција за техничко одржување и обезбедување.
Имено, кандидатите кои би сакале да работат во нашата централна банка можат да аплицираат за две позиции, едната е чувар, додека пак втората позиција е возач. 

Како што е наведено во огласот, се бараат две лица кои би се вработиле на работна позиција „чувар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување. Се бара и еден извршител на работното место „возач почетен I степен“ во Отсекот за техничко одржување. 

– Кандидатите за работните места „чувар“ треба да ги исполнат општите услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка. Да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност – стои во огласот. 

Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор кандидатите треба да исполнаат и посебни услови. 

За работното место „чувар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, кадидатите треба да имаат завршено средно образование, да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер, да поседуваат теоретски и практични познавања за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да имаат психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да поседуваат лиценца за физичко обезбедување и уверение за стручно усовршување за пожарникар.
Кандидатите ќе бидат тестирани за нивните теоретски и практични познавања од физичко обезбедување и противпожарна заштита. 

– При склучување на договорот за вработување, кандидатите може на сметка на Народната банка, да бидат испратени на здравствен преглед заради проверка на нивната психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита – се посочува во огласот. 

Што се однесува пак до работното место „возач почетен I степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, кандидатите треба да имаат завршено средно образование, да бидат со или без работен стаж и да имаат возачки испит Б и Ц категорија. Тие ќе бидат тестирани за нивните теоретски познавања.
како доказ дека се учело англиски јазик) и доказ за познавање работа со компјутери.

Работното време, во работната недела за работното место чувар е организирано во 2 смени по 12 часа дневно. Притоа првата смена започнува од 7,00 часот и завршува во 19,00 часот, а втората смена започнува во 19,00 часот, а завршува во 7,00 часот. 

Работното време, во работната недела за работното место возач започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот. 

– Висината на основната нето плата за работното место „чувар “ изнесува 27.120 денари, додека за време на пробната работа висината на основната плата изнесува 50 отсто од основната, односно 12.885 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70 проценти, односно 19.259 денари. 

За работното место „возач“ изнесува 32.895 денари, додека за време на пробната работа висината на плата изнесува 50 отсто, односно 16.897 денари, а за време на приправничкиот стаж 70 проценти од основна, односно 23.294 денари – се наведува во огласот. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy