Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спречени обиди за криумчарење на пиротехнички материјали, лекови и фалсификати
Македонија

Спречени обиди за криумчарење на пиротехнички материјали, лекови и фалсификати

08/01/2025

AA

Мобилен тим спречи обиди за криумчарење и заплени 2.108 парчиња пиротехнички материјали што требало нелегално да се продаваат на македонскиот пазар. Пиротехничките материјали се пронајдени во автомобил со македонски регистарски таблички со кој двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Белановце. До надлежното Основно јавно обвинителство ќе бидат поднесени кривични пријави до сторителите заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

– Мобилен тим спречи обиди за криумчарење на 1.100 таблети (REQUIP XL од 2mg, NEXIUM од 40mg, GALVUS Met од 50 mg, JARDIANCE од 25 mg), 149 парчиња инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml, како и 10 креми BACODERM од 15 mg и четири инјекции DEPOSELIN од 2.400.000 IU. Истите се пронајдени замотани во завесите, како и во вентилацијата на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Турција – Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

– Запленети се 9.296 таблети и 3.850 парчиња гел од 100 мг за потенција со вкупна вредност од 1,4 милиони денари откако истите се пронајдени при контрола на автомобил на граничен премин Богородица. Лековите се пронајдени во багажникот на автомобилот, инаку со германски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле двајца турски државјани.

– Во царинската испостава Скопје 1, царинските службеници запленија 754 парчиња очила за сонце, фалсификати со потпис на познати брендови со потекло од Кина. Декларираната вредност од едно парче очила изнесувала 1,14 долари и истите требале да се продаваат на македонскиот пазар како оригинали. Очилата се пронајдени при контрола на стока наменета за увозник од Кавадарци, пријавена за увозно царинење. Поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост истите се запленети, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

– Мобилен тим на граничен премин Блаце спречи криумчарење на 560 килограми маслиново масло пронајдено во багажниот простор на автобус со албански регистарски таблички, кој сообраќал на релација Тирана – Брисел.

– 29 парфеми, 48 паричници, 17 комплети тренерки и 30 пара обувки, со ознаки на познати светски марки се пронајдени во просторот за багаж и во просторот за одмор на возачи на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

– Три ловечки пушки и 324 патрони ловечка муниција се откриени на излез од државата на граничен премин Табановце при контрола на возило извршена од мобилен царински тим. Оружјето е пронајдено под душекот на импровизиран кревет во патничко комбе со грчки регистарски таблички со кое патувал грчки државјанин во придружба на неговото семејство.

– Непријавени автоделови со вредност од над 200 илјади денари се откриени од Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камионот и истите се запленети.

– Мобилен тим заплени употребувани гуми, по извршена контрола на камион натоварен со стока од Швајцарија, наменета за увозник од Скопје. Камионот бил пријавен за увозно царинење во царинска испостава Скопје 2, каде е утврдено дека дел од стоката не е опфатена со царинската декларација.

– На влез во државата на граничен премин Табановце е спречено криумчарење на 275 парчиња ножици за кроење, како и делови за ножици. Истите се пронајдени во кутии коишто биле скриени помеѓу седиштата на возилото.

– Мобилен царински тим и Службата за мобилни скенери на наплатна станица Росоман сопреа автобус за контрола во којшто открија поголема количина производи за кои не се платени увозни давачки. Станува збор за 50 литри масло од црно семе, шампони, над 120 парчиња облека, 25 женски чанти и 49 штеки цигари без акцизни маркички кои се откриени во каналите за вентилација на автобусот, под седиштата и во багажниот простор во автобусот. Возачот, македонски државјанин кој се пријавил како сопственик на производите, не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки за истите.

– Осцилациона и вибрирачка опрема што се користи во индустријата со вкупна вредност од 357 илјади денари е откриена од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Непријавената опрема е пронајдена во приколката наменета за багажот на автобусот, инаку со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.

– Два лед телевизори се пронајдени во товарниот дел на комбе со белгиски регистарски таблички, управувано од белгиски државјанин, кое што се пријавило како празно на влез во државата на граничниот премин Блаце.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
Македонија

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е

23/02/2026
Македонија

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026
Македонија

ОДРОН ВО ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по

23/02/2026
Македонија

36-годишник од САД физички нападнал полицајци на наплатната станица Демир

23/02/2026
Македонија

Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за

23/02/2026
Македонија

Куќен притвор за Артан Груби и одземање на пасош

23/02/2026
Македонија

Малолетник физички нападнат од врсници во Скопје

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41831
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026

Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје воведе нова можност за корисниците на јавниот превоз, со која картичките за патување може да

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено!

23/02/2026

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Затоа судството

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026

По доставениот предлог од јавниот обвинител и одбраната, Основниот кривичен суд во Скопје донесе одлука со која се менува претходно

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy