Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка
Магазин

Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка

27/05/2025

AA

Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречиле обиди за нелегален влез на мигранти. При контроли спречени биле и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници. 

Од Царинската управа денеска соопштија дека службата за мобилни скенери спречила обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка.

– Мигрантите се откриени при детална контрола на двe товарни возила со полски регистарски таблички, при влез во државата преку граничниот премин Богородица, каде биле сокриени во товарниот простор наменет за палети. Во првиот камион се пронајдени четири лица, двајца државјани на Сирија, еден државјанин на Египет и еден државјанин на Ирак. Во вториот, биле пронајдени три лица, државјани на Алжир и Палестина. Во двата случаи мигрантите биле предадени на надлежните полициски службеници од граничниот премин за понатамошна постапка, се наведува во соопштението.

Мобилен царински тим во царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на стока пријавена за увозно царинење од испраќач од Дубаи наменета за македонска фирма открила 20 паметни рачни часовници Apple watch ultra и 11 кабелчиња за полначи во вкупна вредност од 680 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи.

Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници од МЕКМ – ОГРМ  заплениле 13 кутии со по 50 ќесички влажни шамивчиња за потенција и четири женски чанти со потпис на „Гучи“. Непријавените производи, информираат од Царинската управа, се пронајдени при контрола на автобус кој сообраќал на линијата Турција – Косово.

Царински службеници на граничен премин Јажинце во два случаи спречиле обиди за шверц, при што запленети се дрон MAVIC 2 со три батерии и осум резервни перки со проценета вредност од 72 илјади денари, како и 406 разни текстилни производи.

– При преглед на автобус на влез во државата на граничен премин Деве Баир во два куфери во сопственост на еден од патниците се пронајдени над 75 парчиња брендирана облека којашто не ја пријавил, соопштија од Царина.

На граничен премин Богородица царинските службеници заплениле 8 штеки цигари откако истите ги открија при контрола на товарно моторно возило на влез во државата. Контролата била извршена по пријава од 197, при што во приколката во предниот десен дел на багажот затрупани со стока со која бил товарен се  пронајдени непријавените штеки цигари спакувани во ќеса која била излепенa со селотејп.

Во друг случај исто по пријава на 197 на граничен премин Богородица, повикана е Службата за мобилни скенери која извршила скенирање на возилото при што во кабината се пронајдени шест штеки цигари што возачот не ги пријавил. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42350
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy