Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Според ММФ ризиците се поврзани со геополитичките тензии, нестабилноста на цените и претстојните изборни активности
Економија

Според ММФ ризиците се поврзани со геополитичките тензии, нестабилноста на цените и претстојните изборни активности

26/01/2024

AA

Зајакнување на растот во 2024 година, поттикнат од планираните јавни инвестиции особено почетокот на изградбата на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д. Постепено намалување на инфлацијата. Остварени фискални цели. Јавен долг со изгледи да остане на одржливо ниво и согласно фискалните правила од усвоениот Закон за буџети, и навремено сервисирање на обврските. Буџетски дефицит реализиран пониско од планираното. Ова стои во заклучокот на извештајот на Меѓународниот монетарен фонд за член IV и првиот преглед за Линијата за претпазливост и ликвидност, што го објави ММФ.

ММФ наведува дека во Буџетот за 2024 година, усвоен во Собранието, буџетскиот дефицит е проектиран на пониско ниво (3,4 проценти од БДП) и препорачува да се продолжи со фискалната консолидација и доближување на нивото на дефицит со утврденото фискално правило од Законот за буџети на 3 отсто од БДП, соопштува Министерството за финансии.

Притоа од МФ посочуваат дека според ММФ, планираните расходи во Буџетот се на сметка на капиталните инвестиции и го поздравуваат зголемувањето на планираните капитални расходи  во Буџетот и сметаат дека таквото темпо треба да продолжи во иднина. Исто така, додаваат од министерството, според ММФ важно е создавање бафери за можност да се реагира на ризиците и да се обезбеди таргетирана поддршка за справување со енергетската криза на ранливите категории граѓани.  Расходите за плати да се движат во рамки на договореното со Општиот колективен договор, а клучно ќе биде и претпазливоста во трошењата во изборниот период.

ММФ очекува забрзување на економската активност во 2024 година  проектирана на 2,3 отсто и 3 проценти во следната година. Клучни двигатели ќе бидат домашната потрошувачка и реализацијата на јавните инвестициите. Клучни за обезбедување силен, одржлив раст, кој ќе ја поддржи земјата на нејзиниот евроинтеграциски процес, се реформите насочени кон зајакнување на инвестициите, продуктивноста, зелената транзиција како и намалување на емиграцијата. Тоа ќе се постигне преку подобрување на деловното опкружување и владеење на правото, намалување на неформалната економија.

Според ММФ ризиците главно се поврзани и произлегуваат од геополитичките тензии,  нестабилноста на цените на суровините, како и претстојните изборни активности.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се спроведе во период од 31 октомври до 1 ноември 2023 година во рамки на кој се направи првиот преглед во рамки на Линијата за претпазливост и ликвидност и консултациите во однос на членот IV за 2023 година. Врз основа на заклучоците од оваа Мисија беше одобрен пристап до втората транша од Линијата за претпазливост и ликвидност во износ од 200 милиони евра, што беше потврдено и од Бордот на директори на ММФ. Консултации по членот IV се редовни и се спроведуваат на период од една година.

Фактор пред три дена го објави целосниот извештај од ММФ, кој може да го прочитате на следниов линк.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсени седум лица – сузбиена организирана криминална група инволвирана во

07/04/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ГО ЗАЈАКНУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Во Вашингтон ќе се

07/04/2026
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42211
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсени седум лица – сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

07/04/2026

Денеска (07.04.2026) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР

МАКЕДОНИЈА ГО ЗАЈАКНУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Во Вашингтон ќе се разговара за одбраната, енергетиката, економијата

07/04/2026

Стратешки дијалог со СAД претставува важен формат за унапредување на соработката, а клучниот фокус е на глобалните прашања, одбраната, сајбер-безбедноста,

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy