
Спасувачите во Словенија со хеликоптер евакуираа деца и нивната мајка која деновиве треба да се породи
Во Словенија, спасувачите со хеликоптер евакуираа бремена мајка и деца.
Вчера 20 планински спасувачи од различни здруженија на Планинската спасувачка служба дојдоа да помогнат во Корушка.
Покрај отстранувањето на последиците од поплавите, тие се погрижија и за евакуација на жителите, особено од повисоките и непристапни делови. Акцијата ја реализираа со три воени хеликоптери.
При евакуација на една од куќите наишле на бремена жена и нејзините деца. Семејството следните денови треба да добие нов член. Трудницата и децата се префрлени на безбедно. Спасувачите евакуирале и неколку други лица на кои им била потребна итна медицинска помош.

