Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски за ТВ Шења: Имаме десетици конфискации на имот, само со брз одговор на сите институции ќе ја вратиме довербата на граѓаните
Македонија

Спасовски за ТВ Шења: Имаме десетици конфискации на имот, само со брз одговор на сите институции ќе ја вратиме довербата на граѓаните

16/02/2023

AA

Министерот Спасовски гостувајќи вечерва на ТВ Шења, потсетувајќи на вкупните промени кои се случуваат во државата последните пет години, потенцираше дека постои огромна разлика во  функционирањето на државата и сите нејзини институции, но дека треба да се продолжи да се работи за да се исполнат целосно очекувањата и перцепцијата на граѓаните.

„Секако дека многу од европските приоритети коишто беа започнати се и завршени во одредени сегменти. Ги реформиравме безбедносните служби, тука е делот и за следење на комуникациите, слободата на говорот и слободата на медиумите и, ако ги видите тие разлики, ќе видите дека разликите се до ниво на непрепознатливост во однос на тоа што било до 2017 година“, истакна министерот Спасовски.


Имајќи предвид дека граѓаните посакуваат да поефикасна борба со криминалот и корупцијата, Спасовски подвлече дека таа ефикасна борба не значи само детектирање на криминалот и спроведување на истрага, туку треба да се гледа и крајната цел –  санкција која ќе се изврши, а нелегално стекнатиот имот да биде одземен и вратен на државата.

„Во делот на конфискација на имотот до 2017 година имало само 3 конфискации на имот и финансиски истраги, а во 2017 година се отвора реформски процес во рамките на МВР каде се креираат посебни единици за финансиски истраги и започнуваме со финансиски истраги за секоја истражна постапка и веќе во овој период има над десетина конфискации на нелегално стекнат имот“, елаборираше министерот Спасовски.


Според него не може да се премолчи состојба во која извршувањето на санкции за едни луѓе ќе биде привилегија наспроти останатите граѓани, па едни ќе можат да бидат во еден затвор, бидејќи имаат моќ и пари, а другите не.

“Тоа е нешто што ги ужаснува луѓето. Борбата со криминалот мора да биде ефикасна, видлива и со брз одговор на сите институции за да се смени перцепцијата на граѓаните“, потенцираше Спасовси.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42374
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата го приведе!

11/04/2026

На 10.04.2026 во 17:50 часот во с.Блатец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца странци

11/04/2026

Двајца мажи, на возраст од 36 и 40 години, со државјанство на Швајцарија и Германија и престој во битолското село

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026

Можно е ново намалување на цените на горивата во земјава, откако надлежните најавија дека на следната седница ќе се разгледува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy