Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски, Николовски и Костадиновска-Стојчевска: Капиталните инвестиции на Владата и поддршката на проекти го подобруваат животот на граѓаните во битолскиот регион
Македонија

Спасовски, Николовски и Костадиновска-Стојчевска: Капиталните инвестиции на Владата и поддршката на проекти го подобруваат животот на граѓаните во битолскиот регион

26/11/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беа во работна посета на Битола, каде направија увид во капитални инвестиции и остварија средби со граѓани корисници на ИПАРД програмата и годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата.

При посетата на објектот на СВР Битола, еден од петте реконструирани објекти во изминатите шест години, кои беа со децении запоставени, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека динамиката на капиталните инвестиции во ресорот МВР преку реконструкции и изградба на објекти во изминатиов период резултирал со 80 реновирани енергетски ефикасни објекти на МВР низ државата, во кои се вложени осум милиони евра, но и три нови, од темел градени објекти.

„Она што е примарно за сите посочени пет објекти за кои издвоивме средства во вкупен износ од 45 милиони денари, според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик, е што тие навистина целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските службеници и служби, но се во интерес и на граѓаните кои ги остваруваат своите граѓански права и должности во нив. Притоа се водевме од потребата за домаќинско, економично трошење, како на вложените средства, така и во поглед на користењето материјали коишто ќе гарантираат енергетска ефикасност и заштеди на енергенси, но и заштита на животната средина“, додаде министерот Спасовски посочувајќи дека сето ова придонесува за зголемена ефикасност кај полицијата и континуирано намалување на криминалитетот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски при посетата на уште еден во низата успешни ИПАРД корисници, компанијата Флора Фреш, рече дека преку повеќе конкретни мерки изминативе години Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство покажаа дека се искрен партнер на земјоделците, водејќи искрена грижа за секој еден земјоделец, потенцирајќи дека Битола и битолчани тоа можат да го потврдат.

„Компанијата Флора Фреш на 25 хектари земјоделско земјиште одгледува овошни садници на јаболка, круша и цреша, а со поддршка од ИПАРД 2 програмата преку мерката 1 набавиле опрема во вредност од 4.480.876 денари“, рече Николовски.

Тој исто така напомена дека преку Националната програма за рурален развој се вложува и во подобрување на условите за живот во руралните средини.

„Преку мерката 321 – „Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини“, директно помагаме во подобрување на условите за живот во руралните средини. Изминативе години преку оваа мерка поддржавме околу 200 капитални инвестиции низ целата држава, во вкупна вредност од 40 милиони евра. Вложувајќи во секое едно населено место, за подобар живот на нашите граѓани во руралните средини“, додаде Николовски.

Во рамки на работната посета во Битола министрите ја посетија и битолската Магаза каде остварија средба со корисниците на средства преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот „Цртај на македонски“, на кој министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска посочи дека во Битола вреднувањето и моќта на културата, како срце на секоја заедница, се должи на големиот број поддржани проекти на конкурсите на Министерството за култура како и на активното и успешно работење на националните установи, но и на здруженијата и поединци од градот.

„Над 86 милиони денари се вложени само за поддршка на програмите на Националните установи во Битола, а со скоро седум милиони денари беа поддржани другите корисници на проекти, меѓу кои и младите уметници на конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 година на моја иницијатива за да се афирмираат кирилицата и македонскиот јазик“, посочи Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека Министерството за култура ќе продолжи да вложува во младите и да ги препознава нивните иновативни идеи за афирмација на нашата култура и традиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy