Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: МВР во својот дел целосно расчисти со разоткривањето на грозоморните убиства, од Турција ни доставија и отпечатоци од папиларни линии
Македонија

Спасовски: МВР во својот дел целосно расчисти со разоткривањето на грозоморните убиства, од Турција ни доставија и отпечатоци од папиларни линии

14/12/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, одговарајќи на прашањето дали ќе ја дознаеме целата вистина за грозоморните убиства, какви што не паметиме во историјата на Македонија, појасни дека МВР целосно го заврши својот дел од работите и тоа во оваа фаза од разоткривање на оваа трагедија, но и во понатамошниот тек ќе постапува и ќе биде вклучено за сите аспекти, за сите прашања, прибирање на информации, обезбедување на нови докази по барање на јавниот обвинител.

„Ние поднесовме кривични пријави, таа кривична пријава е на 100-тина страници во кои што се презентирани сите докази кои беа обезбедени до тој момент и се доставени до Јавното обвинителство и, секако, веќе имаме и оценка од јавниот обвинител во однос на прибирањето на доказите, прибирањето на вештачењата итн., дека практично се поклопуваат со тоа што досега е собрано. Важни се две работи: едната работа е што системот многу брзо ефикасно реагираше и дојдовме до разоткривање на случајот. Притоа се откриени сите сторители на ова грозоморно убиство. Второ, важно е што целиот овој процес мора до крај да се разработи, да се заврши и да се утврдат сите аспекти. Ние впрочем, а и јавниот обвинител најави дека е можно да имаме и проширување на истрагата, сѐ со цел да се дојде до конечната вистина во однос на мотивите и сето она што претставува интерес во однос на целиот овој случај. И тоа е најважната работа“, истакна министерот Спасовски.

Тој додаде дека нов момент е тоа што се побарани од Република Турција да се достават дактилоскопските податоци, папиларните линии, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
Македонија

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?! Неверојатен случај

13/02/2026
Македонија

Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ ГРАЃАНИ Стратешките договори со САД

13/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy