Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Грижата за личното здравје е влог како во  личните и професионални амбиции, надежи и нивно остварување така и во иднината на нашето општество
Македонија

Спасовски: Грижата за личното здравје е влог како во личните и професионални амбиции, надежи и нивно остварување така и во иднината на нашето општество

02/11/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес со свое обраќање зема учество на трибината „И машкото здравје е важно“ организирана од Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ и Македонскиот полициски синдикат по повод месецот на машкото здравје. Спасовски истакна дека машкото здравје често е тема за која не се дискутира доволно отворено, иако генерално социјалните норми и предрасуди спречуваат мажите да бараат помош или ако сакате – дури и да зборуваат за своите здравствени проблеми а посочи на фактот дека и тие споделуваат подеднакво исти проблеми кога зборуваме за здравјето како и припадничките на понежниот пол.

„Од аспект на Министерството за внатрешни работи, веќе со децении наназад, особено поради природата на работата, на надлежностите и одговорностите на вработените, независно дали станува збор за полициски службеници, овластени лица или службеници, нивната психо-физичката состојба се третира со особено должно внимание не само како организациски туку и како суштински неспорен критериум нормиран преку низа интерни акти и правилници а се со цел постигнување максимален професионален потенцијал во извршување на секојдневните задачи.“, рече Спасовски.

Министерот образложи дека од круцијална важност е да почнеме поотворено и постручно да зборуваме како луѓе и како општество и на оваа тема – темата на машкото здравје, особено околу перспективите на концепциски осмислена превенција во насока на заштита и на машкото здравје, тргнувајќи пред се од пораката дека не смееме да дозволиме да се води само индивидуална борба и тоа во „тишина”, надвор од нужната помош и поддршка.

„Би сакал да упатам и апел до колегите, вработени во МВР, не само заради почитување на пропишаните норми туку и заради непосредниот личен интерес да одат на редовни медицински прегледи и скрининг тестови, бидејќи покрај заедничките напори, потребно е подигнување на свесноста и индивидуална грижа за сопственото здравје. “, испрати порака Спасовски, подвлекувајќи дека грижата за личното здравје е влог како во личните и професионални амбиции, надежи и нивно остварување така и во иднината на нашето општество.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45876
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy