Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасени три 16-годишни момчиња кои останале заробени на островце на реката Треска
Магазин

Спасени три 16-годишни момчиња кои останале заробени на островце на реката Треска

10/07/2024

AA

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островце на реката Треска. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите што е редовен процес за континуирано производство на електрична  енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката.

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвениот Крст кои информирале дека нивните тимови се волонтери и не се во можност соодветно да реагираат во овој случај. 

Од страна на ЦУК е побара од диспечерите во хидроцентралите да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Во меѓувреме од страна на тим на специјалните сили е направен еден обид со чамец да се спасат момчињата, но безуспешно заради брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска. 

Околу 23 часот од страна на дежурните служби во полициска станица Сарај е добиено известување дека по намалување  на водостојот на реката, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата безбедно се префрлени со чамец од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец. 

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги известил хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ непречено да произведуваат со производство на електрична енергија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јакимовски со критика за Ѓорѓиевски: Една тревка да мрднат, веднаш

12/05/2026
Македонија

Скопјанка го истепала сопругот со тврд предмет, а потоа оштетила

12/05/2026
Македонија

Јакимовски: Македонија е заглавена во популизам – претседателот мора да

12/05/2026
Македонија

Јакимовски за Сиљановска-Давкова: Солиден професор, но претседател под нивото на

12/05/2026
Македонија

Јакимовски: Карпош е заложник на „в.д. градоначалник“ и политички пазари

12/05/2026
Македонија

Јакимовски со тешки обвинувања: Изборна „фамилијада“ во Карпош – сопружници

12/05/2026
Македонија

Јакимовски: Секоја моја победа била чиста како солза, во 2017

12/05/2026
Македонија

Кривична пријава и притвор за раководител на образовен центар во

12/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43236
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јакимовски со критика за Ѓорѓиевски: Една тревка да мрднат, веднаш оди со реклама на телевизија,

12/05/2026

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во гостувањето на „4ТВ“ упати серија забелешки за начинот на кој се управува со главниот

Скопјанка го истепала сопругот со тврд предмет, а потоа оштетила ѝ дел од покуќнината!

12/05/2026

На 12.05.2026 во 00:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода А.К.Ј.(38) од Скопје, по

Јакимовски: Македонија е заглавена во популизам – претседателот мора да биде коректив, а не послушник

12/05/2026

Во гостувањето на „4ТВ“, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, се осврна на мотивите за неговата претседателска кандидатура, посочувајќи дека државата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy