Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈСП распиша тендер за набавка на гориво
Економија

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

25/11/2024

AA

Распишана е јавната набавка за гориво по скратена постапка од страна на ЈСП и ќе оди со директно преговарање, потврди директорот Драги Кушовски за Канал 5. 

Истата би требало во најбрз рок да се спроведе, бидејќи од државата претпријатието доби 250.000 тони нафта кои би биле доволни за 10 до 14 дена.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требало веќе го направиле.

– На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, рече Мицкоски. 

Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. 

Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на приорден гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе

10/04/2026
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42353
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува предизвиците со орган донорството

10/04/2026

Иако медицинските тимови се подготвени да извршат многу повеќе зафати, најголемата пречка останува добивањето согласност од семејствата на починатите. Д-р

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе утврди што се случило

10/04/2026

65-годишен маж од Скопје вчера е пронајден починат во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, соопшти Министерството за внатрешни

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy