Советот не донесе одлука за задолжување на Град Скопје за еколошките автобуси
Советот на Град Скопје на денешната 23 седница не ја донесе одлуката за задолжување на Градот за набавка на нови 50 еколошки автобуси во текот на оваа година.
На предлогот за задолжувањето на Градот 15 советници гласаа за, еден против и 18 советници беа воздржани.
Градоначалничката Арсовска минатата недела најави дека на денешната седница на Советот ќе биде предложено ново задолжување на Град Скопје во износ од 10 милиони евра за набавка на 50 нови еколошки автобуси.
Таа и порано најави дека Град Скопје ќе набави 250 еколошки автобуси на природен гас и електрични автобуси заради намалување на загадувањето во главниот град.