
Сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна е во прекин поради штрајк на земјоделци
Од 10:30 до 12:30 часот сообраќајот на Граничниот премин Дојран (од страна на Грција) е целосно блокиран за сите видови возила.
Причина за прекинот е штрајк на земјоделци, кои со своето протестно дејствување го спречуваат движењето на патниот сообраќај.
Возачите се предупредуваат да го избегнуваат овој граничен премин и да ги следат информациите за можни алтернативни патни правци.
