
Сончево и многу топло, температурите до 40 степени – UV индексот многу висок!
Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.