Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Солидарен данок не платиле 52 обврзници, ќе им бидат блокирани сметките!
Македонија

Солидарен данок не платиле 52 обврзници, ќе им бидат блокирани сметките!

31/10/2023

AA

Заклучно со денеска се уплатени 2.210.108.927 денари по основ на солидарен данок од страна на 98 даночни обврзници од вкупно 150. Тие што не платиле ќе добијат писмена опомена на 6 ноември, а доколку во меѓувреме не ја исполнат обврската ќе им биде блокирана сметката на 24 ноември.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во одговор на новинарско прашање информираше дека вкупната уплатена сума е 2.210.108.927 денари. Најнискиот износ што е уплатен по тој основ е 39.342 денари, а највисокиот 257.293.088 денари. Само еден даночен обврзник направил пребивање со поврат на ДДВ во износ од 42.259.181 денар.

-Бидејќи рокот беше до 25 октомври, за сите кои немаат направено плаќање на данокот на солидарност ќе се преземат мерки согласно со Законот за даночна постапка. На 6 ноември веќе ќе ги доставиме опомените, доколку и по тоа немаат направено уплата на 24 ноември, веќе ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки, најави Лукаревска.

Даночните обврзници што ги опфаќа Законот за данок на солидарност се известени дека важат сите одредби, односно правила од Законот за даночна постапка дека може да ја направат уплатата на три рати заклучно со крајот на годинава, или пак за еднократно одложување на долгот до крајот на декември, со банкарска гаранција или со движен или недвижен имот со којшто УЈП би ставила соодветен залог.

-Постојано сме во контакт со сите компании за сите нивни прашања и дилеми, рече Лукаревска, која на прес-конференција ги соопшти највисоките приходи во 2022 година.

Законот за данок на солидарност беше донесен на 19 септември годинава, а собраните средства, според најавите од Владата, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани.

Стопанската комора на Северна Македонија на 13 октомври поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд, со предлог за донесување решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната одлука. Лукаревска вели дека ќе постапуваат во однос на средствата што во меѓувреме ги уплаќаат обврзниците во зависност од известувањето од Уставниот суд за одлуката што ќе се донесе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ

15/02/2026

Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо да избегаат, ги нападнале чуварите

15/02/2026

Три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика во Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен – Украинскиот претседател се жали

15/02/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Додека Мицкоски ја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy