Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собраниската расправа за Извештајот на ЕК прекината, продолжението дополнително ќе биде закажано
Македонија

Собраниската расправа за Извештајот на ЕК прекината, продолжението дополнително ќе биде закажано

09/03/2023

AA

Собраниската седница на која пратениците расправаат за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година попладнево е прекината, а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.

Во попладневниот дел од расправата, власта и опозицијата со спротиставени ставови. За пратениците на власта, во Извештајот се нотирани позитивни поместувања во многу области, а според опозицијата,  со вакви оценки и динамика, земјава нема да биде подготвена уште многу долго време да пристапи во Европската унија.

Љубица Спасова, пратеничката на СДСМ, оцени дека Извештајот на Европската комисија за 2022 година е балансиран и во него има вкупно 1.560 наоди, односно активности што се препознаени како одреден напредок.

-Согласно Извештајот на Европската комисија, Република Северна Македонија е на добро ниво на подготвеност за влез во Европската унија во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во областа на безбедноста на храната, ветерината и фитосанитарната политика. Најголем успех е нотиран во реализација на ИПАРД 2 Програмата. Позитивно се оценети и сите елементи на интервентниот административен  и контролен систем кои се усогласени со правото на Европската унија. Овие резултати се постигнати заради грижата на Владата кон земјоделците во 2022 година, а се надевам дека Извештајот во 2023 година ќе биде уште попозитивен, рече Спасова.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека разгледувањето на Извештајот доцни пет месеци што според нив говори како власта се донесува кон најважниот документ којшто се однесува на напредокот на земјата во Европската унија. Една од забелешките на опозицијата е и, како што посочија, злоупотребата на европското знаменце при носењето на законите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека иако со висока оценка се оценети последните локални избори, сепак забелешките се однесуваат на Изборниот законик, односно навременоста на неговото усогласување при што се укажува на потребата таквата консолидација да не се врши непосредно пред процесот на самите избори.

На прашањето од пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ зошто Владата ја прифатила, како што рече, бугарската уцена за внесување на Бугарите во Уставот, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ одговори дека не се работи за никаква уцена и дека од внесувањето на бугарското малцинство во Уставот не можеме да имаме ниту штета, ниту да бидеме повредени како Македонци.

– Секогаш и во преговорите со Грција за Преспа и во преговорите со Бугарија сме имале една водилка – да покажеме и да докажеме дека е возможно и да влеземе во ЕУ и да останеме Македонци кои говорат македонски јазик со заштитен идентитет и тоа го постигнавме. Не е воопшто лесно. Ниту имплементацијата на овој договор не е едноставна, ниту ќе биде едноставна. Ве уверувам дека од внесувањето на бугарското малцинство во Уставот и во преамбулата која почнува со мнозинскиот македонски народ и потоа ги реди сите останати заедници, не можеме да имаме ниту штета, ниту да бидеме повредени како Македонци. А, тоа ќе ни ги отвори вратите, ќе ни ја зајакне позицијата да не може повеќе Бугарија да продолжи со уценувачката политика. Ние таа политика ја прекинавме со францускиот предлог. Целта на францускиот предлог беше да прекине уценувачката политика и да се заштити идентитетот, македонскиот јазик, нагласи Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46398
  • Регион 3998
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи што брзале

27/10/2026

За само шест часа, во акциска контрола на територијата на целата држава, полицијата регистрирала 825 прекршоци за пречекорување на дозволената

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ Променливо облачно време со сончеви

27/10/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северозападен правец нè очекува утре. Најсилни налети на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy