Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собранието усвои зголемување на пензиите – од септември следува линеарен раст од 2.000 денари
Македонија

Собранието усвои зголемување на пензиите – од септември следува линеарен раст од 2.000 денари

24/07/2025

AA

Собранието вечерва, во рамки на 63. седница, со 79 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ги усвои измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со овие измени се предвидува линеарно зголемување на сите пензии за 2.000 денари.

Според предвиденото, зголемувањето ќе се реализира во две фази – на 1 септември 2025 година и 1 март 2026 година, преку нов начин на усогласување на пензиите. Пресметката ќе се врши врз основа на просечниот пораст на платите и трошоците на живот, објавени од Државниот завод за статистика. Сумата добиена од овие пресметки ќе се дели еднакво на сите пензионери што го стекнале правото до наведениот датум.

Измените предвидуваат и нова одредба според која осигурениците ќе ги поднесуваат барањата за пензија во местото на живеење, со што ќе се овозможи поголема достапност и поефикасна администрација.

Дополнително, решавањето на управните спорови поврзани со пензиските права ќе мора да се заврши во рок од 30 дена, што, според предлагачите, ќе придонесе за побрзо остварување на правата на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy