Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На 29 јули расправа за интерпелацијата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски
Македонија

На 29 јули расправа за интерпелацијата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

24/07/2025

AA

Собранието на Република Македонија на 29 јули ќе расправа за интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Како што е наведено на официјалната веб-страница на законодавниот дом, точката е предвидена во рамки на 64. собраниска седница, која треба да започне во 11 часот.

Интерпелацијата беше поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, која преку документ доставен до претседателот на Собранието, Африм Гаши, побара одговорност од Коцевски поради, како што наведуваат, непочитување на уставните и законските обврски.

Во интерпелацијата, Левица посочува повеќе причини за покренување на постапката, меѓу кои селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на обвинителството, хаос во Вишото јавно обвинителство во Скопје, како и непостапување за дивоградбите поврзани со урбаната мафија.

Партијата дополнува дека од почетокот на мандатот на Коцевски, во обвинителството владее нефункционална и токсична атмосфера, постои неажурност во постапувањето по предмети, како и надворешни политички влијанија врз неговата работа, за што, според нив, директна одговорност носи актуелниот јавен обвинител.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy