
Собранието го ратификуваше договорот со Велика Британија тежок 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти
Со 76 ЗА и 6 ПРОТИВ Собранието попладнево го ратификуваше договорот за инвестиции со Велика Британија.
Овој договор во име на македонската Влада го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски на 22 мај во Лондон. Договорот е тежок 6 милијарди евра.
Координаторот на СДСМ Оливер Спасовски рече дека овој договор е ништовен бидејќи во англиската верзија стои дека е потпишан заменик претседател на државата, функција која што не постои.