Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со засадување на 2000 садници во Берово, Diageo и нивниот локален групацијата Малиќи имаат позитивно влијание врз локалната заедница и животната средина
Македонија

Со засадување на 2000 садници во Берово, Diageo и нивниот локален групацијата Малиќи имаат позитивно влијание врз локалната заедница и животната средина

21/11/2023

AA

Diageo и локалниот партнер Малиќи се приклучија на трансформативниот проект за пошумување Боренка за да придонесат за обновување и зачувување на виталниот екосистем во Северна Македонија.

Иницијативата е во согласност со сеопфатната програма за одржливост и одговорност на Diageo “Society 2030 – Spirit of Progress” која ја одразува посветеноста за позитивно влијание врз општеството и околината каде што работи.

Столбот за одржливост на десетгодишниот акционен план на Diageo севкупно вклучува пошумување, намалување на јаглеродот и отпадот, намалено и рециклирано пакување, зачувување на природните ресурси, зачувување и управување со водата, одговорни извори како клучни цели за создавање поодржлив бизнис и позелена иднина.

„Нашата мисија е да ја заштитиме животната средина каде што работиме, да промовираме одржливи практики и да обезбедиме опипливи и значајни придонеси за нашите локални заедници. Затоа ние, заедно со нашиот локален партнер групацијата Малиќи, се приклучивме на Боренка како најголем европски волонтерски проект за пошумување на опожарени подрачја организиран во Северна Македонија“, изјави Димитар Вретенарски, комерцијален менаџер на Diageo за Северна Македонија, Бугарија, Косово и Албанија.

„Ангажманот во пошумувањето не е само садење дрвја, туку и сеење на семето на одржлива иднина. Благодарност до организаторот, Сојузот на извидници на Македонија за спроведувањето на проектот во Северна Македонија и на волонтерите кои ќе ни помогнат да ја постигнеме нашата цел за засадување на 2 000 нови садници во Берово“, додаде тој.

Откако 6 години по ред се организира во Хрватска, Боранка е најнаградуваната непрофитна кампања која се шири надвор од границите, а за првпат се одржува во Северна Македонија како Боренка. Кампањата е насочена кон обновување на областите опустошени од пожари и подигање на свеста кај граѓаните за потребата од зачувување на шумите кои се клучни за заштита на биолошката разновидност и помагаат во намалување на емисиите на стакленички гасови.

„Ни претставуваше огромно задоволство и чест што меѓународната компанија Diageo денеска беше дел од проектот Боренка и заедно со волонтерите од Сојузот на извидници и шумарите – експерти од националните шуми, успеавме да пошумиме речиси еден хектар опожарена површина во Беровско со околу 2 000 нови садници дрвја. Покрај садењето, мора да се споменат и едукативните работилници кои се дел од Боренка, преку кои директно влијаеме на едукацијата на најмладите на тема животна средина со акцент на шумските пожари. Се надевам дека сите волонтери имаа прекрасен ден и дека во иднина заедно со Diageo ќе засадиме повеќе дрвја под чија сенка ќе уживаат идните генерации“, рече Снежана Јаначковиќ, национален координатор на Боренка.

Поддршката на Diageo за проектот Боренка е доказ за посветеноста на компанијата за заштита на животната средина и клучен чекор напред за обновување, надополнување и заштита на планетата за генерациите што доаѓаат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42417
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

13/04/2026

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy