
Со закана и побарал пари, а откако не добил ја прободел со нож – Украинка итно пренесена на Клиника!
На 23.06.2023 во 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено на ул.„Благоја Дафков“ во Скопје едно лице со закана побарало пари од П.А.(43) од Украина, но откако не добило, ѝ нанело повреда со остар предмет.
П.А. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
