Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со унапредување на системот ќе обезбедиме подобар животен стандард, економска активност и отвореност на економијата, вели премиерот
Македонија

Со унапредување на системот ќе обезбедиме подобар животен стандард, економска активност и отвореност на економијата, вели премиерот

07/02/2023

AA

Во делот на транспарентноста, владеењето на правото и демократијата во државата и во борбата против криминалот и корупцијата во земјава од година во година се прават исчекори, особено во последните пет години, што го покажуваат и рангирањата на Северна Македонија од страна на меѓународните институции, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој нагласи дека и покрај досегашните постигнувања секогаш постојат можности и постои потреба за напредок, при што море да се води сметка дека во борбата против криминалот и корупцијата има поделени надлежности меѓу извршната и судската власт, која е независна во своето функционирање и таква и треба да остане.


– Доколку ги погледнеме показателите на МВР за бројот на откриени криминални случаи од година во година, може да се види дека навистина има исчекор во тој дел. Само во текот на изминатата година имаме отворено 120 случаи од страна на МВР во коишто има коруптивни активности. Сето тоа придонесува за унапредување и на борбата против корупцијата и криминалот во државата, во унапредување на владеење на правото и во унапредување на резистентноста и на ефикасноста на институциите, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека во Владате веќе се разговара за концепт за ветинг во сите институции без исклучок, кој што би покажал кои се тие индивидуи вмешани во коруптивни активности.


– Не можеме да генерализираме цели институции и цел систем со една единствена оценка, бидејќи на крајот на денот во секој систем постојат индивидуи, којшто дел ја извршуваат својата работа на високо ниво, меѓутоа и дел не ја извршуваат на посакуваното ниво и нивната работа или треба да се унапреди или да бидат заменети со други. Сето тоа се активности коишто Република Северна Македонија ги прави, меѓутоа и во чијашто реализација имаме голема помош и од ЕУ и од САД, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на стратешкиот дијалог со САД.

Тој нагласи дека во стратешкиот дијалог со САД токму една од клучните теми е борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои исто така се опфатени и со скринингот со ЕУ.


– Јас со нетрпение го чекам извештајот од ЕУ којшто ќе ни покаже точно кои се тие критериуми, кој е стадиумот во којшто ние се наоѓаме во делот на исполнување на сите тие критериуми и кои се активностите коишто ќе треба да ги направиме за да имаме систем којшто е еднаков на земјите членки на ЕУ или систем преку стратешкиот дијалог којшто ќе биде најблиску можно до системот во САД, рече премиерот.

Ковачевски нагласи дека земјава се стреми кон унапредувањето на системот на функционирањето на институциите во сите области, како владеењето на правото, слободата на трговијата, економските слободи и демократијата, бидејќи тоа придонесува кон унапредување на животниот стандард на граѓаните, кон поголема економска активност и отвореност на економијата, отворање на повеќе работни места, задржување на работната сила во државата, меѓутоа и привлекување на друга работна сила во државата по примерот на најразвиените земји во светот.

– Тоа е патот на Северна Македонија и тоа е патот на целиот овој регион кон подобар живот за сите граѓани. Друга алтернатива не постои, ниту пак некој споменал дека може да постои, заклучи Ковачевски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45785
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка

24/09/2026

Вчера во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода  Ј.Ј.(44) од Скопје. Според пријавеното, по претходна

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте порача, Америка е најголема сила,

24/09/2026

Македонската делегација, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy