Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со сегашнава динамика за 300 години Куманово целосно ќе се гасифицира
Македонија

Со сегашнава динамика за 300 години Куманово целосно ќе се гасифицира

07/02/2024

AA

Дури 300 години се потребни Куманово целосно да се гасифицира, покажуваат анализите. Годишно се гради само еден километар гасоводна мрежа. Севкупно изградени се 23 километри, што е помалку од 10 отсто од предвиденото. Претпријатието нема капацитети мрежата да ја развива од сопствени средства.

„Ако земеме дека имаме 350 км можност да се рашири во градот, да се стигне до секој дом, претпријатие, институција ако градиме по толку годишно, треба многу време за да се гасифицира цело Куманово. Доколку не влезат поголеми средства дали од влада или општината, за да може да се рашири“, истакна Марко Митровски, директор ЈП „Куманово гас“.

Куманово е првата општина која од 2006 почна со гасификација. На мрежата се приклучени 32 правни субјекти и 196 домаќинства. За да ги стимулира граѓаните, општината доделува и субвенции за приклучок. Лани за првпат средства одвои и Министерството за економија. Но, кризите ја зголемија цената на енергенсот, а го намалија бројот на потрошувачи. Во моментов изнесува околу 60 денари. Големите корисници, меѓу кои и општата болница, сега користи природен гас. Но Куманово и оваа сезона не е имуно на аерозагадувањето.

„И од стари автомобили застане тој чади и од дрва се горело порано, но убави сега кој што најде. Комшија кога ќе запали не можеш да отвори прозорец се ставаат пластика, се“, вели еден кумановец.

„Оваа прашина ја чувствуваме на очите, веројатно мора да има нешто“, дополнува друг.

Анализите покажаа дека најголем загадувач во Куманово се домаќинствата кои користат несоодветни материјали. Мерните станици не даваат целосни резултати.

Со цел надминување на проблемот со аерозагадување Куманово усвои и план со краткорочни и долгорочни мерки. Освен гасификација, тој опфаќа и пошумување и метода аеросолизија.

Од Секторот за инспекциски надзор најавуваат дека ќе продолжат со надзор во работилниците, компаниите.

„Ќе се проверуваат и автомеханичарски работилници како и досега, вулканизерските работилници каде завршува отпадот од гуми кој често се запалува од наши несовесни сограѓани“, изјави раководителот на одделението, Бобан Бојковски.

Во Куманово нема голема загадувачка индустрија. Инспекцијата лани по контролите и пријавите, санкционираше една компанија.

Елена Георгиевска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy