Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со поддршката од Клиника Жан Митрев, Шаховскиот клуб „Скопје 72″ се натпреварува на Светското шаховско првенство за ветерани
Македонија

Со поддршката од Клиника Жан Митрев, Шаховскиот клуб „Скопје 72″ се натпреварува на Светското шаховско првенство за ветерани

27/09/2023

AA

Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72″ е дел од македонската репрезентација што се натпреварува на Светското екипно шаховско првенство за ветерани кое што од 19 до 28 септември се одржува во Струга. Учеството и натпреварувањето на ветераните од клубот „Скопје 72″ со финансиска и материјална помош го овозможи Клиниката Жан Митрев како дел од својата заложба за поттикнување на рекреативни активности кај сите возрасни групи.

Во составот на репрезентацијата од Шаховскиот клуб „Скопје 72″ се ФМ (ФИДЕ мајстор) Љубомир Илиќ (капитен), ФМ Александар Кралевски, Илија Стошевски, ФМ Љубомир Хаџи-Манев и Миле Трајковски. Во првите две кола нашите шахисти остварија две сензационални победи над Италија (рангирана на 9тата позиција) и Австрија. По 6 одиграни кола нашиот тим со 5 освоени бода се наоѓа на 18 место. Во седмото коло (на 26.09) Македонија игра против тимот на Англија 2.

Турнирот во Струга се игра според Швајцарски систем на натпревари, со 9 кола. Се натпреваруваат 46 екипи од над 20 земји од светот, поделени во две категории, ЕС-50 (повозрасни од 50 години) и ЕС-65 (повозрасни од 65 години).

На турнирот ЕС-50 учествуваат 22 репрезентации од 15 земји. Во оваа категорија се вклучени и три женски репрезентации (Македонија, Англија и Кина), како и македонската репрезентација на слепи и слабовидни шахисти.

На турнирот ЕС-65 учествуваат 26 репрезентации од 18 земји. Највисок рејтинг имаат селекциите на Германија, Англија 1 и Израел. Во оваа категорија се вклучени и две женски репрезентации (Германија и Латвија).

Македонската репрезентација, рангирана на 18тата позиција, е составена исклучиво од членовите на Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72″.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

24/02/2026
Македонија

ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ГРУБИ, А ЌЕ ПОЧНЕ И ЗА

24/02/2026
Македонија

Кривична пријава за повеќемина – незаконска сеча на дрва во

24/02/2026
Македонија

Бомбашки напад во Москва: Има загинати и ранети!

24/02/2026
Македонија

ВО СДСМ ЗНАЕЛЕ ЗА КРИМИНАЛОТ НА ГРУБИ, МОЛЧЕЛЕ И НЕ

24/02/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА КРАТКОТРАЕН ДОЖД И СНЕГ ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ Ќе дува

24/02/2026
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41844
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

24/02/2026

Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ, велат од СДСМ во соопштение

ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ГРУБИ, А ЌЕ ПОЧНЕ И ЗА СИТЕ НЕГОВИ ОРТАЦИ Во ВМРО-ДПМНЕ

24/02/2026

Судскиот процес за Артан Груби почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има, велат од

Кривична пријава за повеќемина – незаконска сеча на дрва во Пробиштип

24/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy