Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО ОБУКИ ЗА КОМПЈУТЕРИ, СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНИМАЊА ДО ПОМАЛА НЕВРАБОТЕНОСТ – предност ќе имаат младите, но и жените
Економија

СО ОБУКИ ЗА КОМПЈУТЕРИ, СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНИМАЊА ДО ПОМАЛА НЕВРАБОТЕНОСТ – предност ќе имаат младите, но и жените

30/05/2025

AA

Над две илјади граѓани ќе можат да аплицираат за различни типови на обуки преку Оперативниот план за вработување на невработени лица кои го најави Владата. Обуки кај конкретен работодавец, за што работниците ќе добиваат надомест од Владата, обуки за дефицитарни занимаања, но и обуки за кумпјутерски техники и странски јазици се планираат за следниот период. 

– Како што ветивме продолжуваме со серија прес-конференции коишто се посветени на Оперативниот план, затоа што цениме дека нашата држава не може да оди напред само ако институциите чекорат, а луѓето стојат во место. Со Оперативниот план за вработување за 2025 година, ја менуваме парадигмата – како што веќе потенциравме, од пасивни мерки одиме кон активна поддршка, обучување и реална вклученост на пазарот на труд.

Денешен фокус е мерката обуки и од самата содржина на оваа прес-конференција ќе забележите зошто цениме дека ова е исклучително важно. Ова не се само обуки – ова се шанси. Шанси за секој кој сè уште ја чека својата прва работа, шанси за жените кои со години беа оставени надвор од системот, за младите кои бараат нов почеток и за сите кои сакаат да станат дел од нова зелена, дигитална и општествено одговорна економија – нагласи на денешната пресконференција Марија Митева, портпаролка на Владата на Македонија..

Таа истакна дека во рамки на мерката Обуки, во овој циклус предвидени се вкупно да бидат опфатени над 2.000 лица, со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности.

– Ќе започнам со првата обука којашто е наменета за невработени лица кои што се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. 

Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци.

Втората обука се однесува за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. Исто како и во претходната и овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно – укажа Митева. 

Потоа дополни дека се планираат и обуки за напредни и основни вештини, тоа се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и со нив ќе бидат опфатени 720 лица.

– Јас лично би сакала да ги истакнам обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, коишто се преку лиценцирани програми. Ќе можете од документот да видите за кои обуки, колку актуелни обуки коишто се навистина побарувани во овој период од страна на многу млади, на многу граѓани се вклучени во оваа мерка, колку се навистина истите овие и финансиски оптеретувања за младите. 

Сега ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд – укажа портпаролката на Владата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy