Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со какви ригорозни мерки ќе се соочат пушачите по Нова година во Македонија?
Македонија

Со какви ригорозни мерки ќе се соочат пушачите по Нова година во Македонија?

26/12/2023

AA

„Нека му ја мислат пушачите по Нова Година“. Вака најави вчера министерот за здравство Фатмир Меџити. Но, што значи ова и какви дополнителни ригорозни мерки треба да се донесат. Денес иако има мерки, ретко кој ги почитува или пак за истите се наоѓаат алтернативи како да се „почитуваат“.

Но зголемување на даноците за тутунот, поголема контрола, забрани за користење на електронски цигари во затворени простории  се дел од препораките на СЗО кои најверојатно ќе ги следи и Македонија.

-Ние во јануари со регионалниот директор за Европа при СЗО, Ханс Клуге ќе потпишеме меморандум за соработка против пушењто и со нив овие мерки ќе бидат ригорозни. Нњ знаете колку е болно во секоја фамилија да изгубите сакан од овие тешки болести а тие доаѓаат од пушењето и од други лоши навики, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Половина нација се пушачи, цигари се користат и на отворено и во затворено, на многу места не се почитуваат закони..Но и покрај оваа реална слика, дел од граѓаните што ги анкетиравме поддржуваат ригорозни мерки иако се корисници на тутун.

-Нема има, ова знаете е отров и создава зависност, донро е што некој мисли на тоа…Нека воведат, може така ќе се откажеме од цигарите…Мене ми одговара, но на пушачите може не, велат граѓани.

Од Институтот за јавно здравје велат дека се поразителни бројките за пушачи во земјата. Дури 5 проценти од деца до 16 години пробале цигара а уште полошо е со возрасните.

-45,4 се активни пушачи, мал број од нив се обиделе да се откажат од пушењето. Тоа делумно се должи на послабите мерки и тоа особено со разлабавување на мерките, се пуши и во затворени простории а цените на цигарите се најниски кај нас, вели д-р Мартин Петровски од ИЈЗ.

Дека во земјата не се почитуваат законите против пушењето беше и една од забелешките на ЕК во извештајот за напредокот на земјата.

Според извештаи на невладини организации, Македонија е меѓу првите десет земји во светот по бројот на пушачи.

Извор: Сител

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОШОЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЕКАНОТ, ОСТАВИЛ ПИСМО И СИ ЗАМИНАЛ

07/10/2026
Македонија

ЗАЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ НУДЕШЕ БАНКА, РУДНИК, ТЕЛЕВИЗИЈА, ТЕЛЕКОМ И

07/10/2026
Македонија

КОЈ САКА ДА ЈА СПРЕЧИ КОНТРОЛАТА НА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ? Издупени

07/10/2026
Македонија

ЗАГИНА 19-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ ВО ИТАЛИЈА Паднал од покрив додека работел

07/10/2026
Македонија

ИМА ДОКАЗИ ДЕКА ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗЕЛ МИТО ЗА НАЈМАЛКУ

07/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДА КАЖЕ ОД КОГА ЗНАЕЛ ЗА СКАНДАЛОТ ТЕЖОК

07/10/2026
Македонија

УШТЕ ДВА СОНЧЕВИ ДЕНА, ПА ПРЕСВРТ Од петок дожд, за

06/10/2026
Македонија

ВИШИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Е ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРИМИЛ МИТО Полицијата

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46023
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОШОЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЕКАНОТ, ОСТАВИЛ ПИСМО И СИ ЗАМИНАЛ Тетовската полиција трага по поранешен

07/10/2026

Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина за професори во Факултетот за уметности при Тетовскиот универзитет, по што го напуштил

ЗАЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ НУДЕШЕ БАНКА, РУДНИК, ТЕЛЕВИЗИЈА, ТЕЛЕКОМ И КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОР Претходната влада беше

07/10/2026

Владата на СДСМ прифати сè што побара Бугарија, дури договараа и продажба на 5 приватни македонски компании. И затоа сме

КОЈ САКА ДА ЈА СПРЕЧИ КОНТРОЛАТА НА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ? Издупени гуми на службеното возило на

07/10/2026

Непознат сторител вчера рано изутрината ги издупчил гумите на службено возило на Центарот за социјални работи Тетово, со кое службениците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy