Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Снимка од „Сејф Сити“ прикажана во судница: Јовановски ѝ удирал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагичниот настан
Македонија

Снимка од „Сејф Сити“ прикажана во судница: Јовановски ѝ удирал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагичниот настан

08/04/2026

AA

Со изведување на видео-снимка како доказ, денеска во судница продолжи судскиот процес против Стојанче Јовановски, кој се товари дека ја навел на самоубиство сопругата Ивана, која почина со пад од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.

Станува збор за снимка од системот „Сејф Сити“, на која, според Обвинителството, се гледа настан од 2 март 2026 година, околу 11 часот, односно неколку часа пред трагедијата. На видеото е забележано дека обвинетиот во краток временски период ѝ удира повеќе шлаканици на Ивана.

Според презентираните кадри, по заминувањето на сведокот Мартин Саздов со возило „БМВ“ по средба со Ивана кај гимназијата „Нова“, на местото пеш пристигнува Јовановски. Во 11:07 часот, Ивана влегува во кадарот и се среќава со него на влезот од училиштето, по што двајцата застануваат на тротоарот.

На снимката се гледа дека Јовановски вознемирено реагира, гестикулира и ја удира Ивана со десната рака во лицето, по што таа се повлекува. Расправијата продолжува, а Ивана во еден момент седнува на ограда, држејќи се за лицето. Неколку минути подоцна, таа станува и расправијата продолжува.

Во меѓувреме, на местото повторно пристигнува возилото на Саздов, кој се приклучува на разговорот. Според снимката, во 11:12 часот Јовановски повторно ѝ удира шлаканица на Ивана, по што сведокот се обидува да интервенира и застанува меѓу нив, оттурнувајќи го обвинетиот и обидувајќи се да го спречи понатамошното насилство.

И покрај обидот за смирување на ситуацијата, од видеото може да се забележи дека Јовановски продолжува со вознемирено однесување и повторно физички ја напаѓа Ивана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy