Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ЌЕ СЕ ПРЕПОЛОВАТ И МОЖЕ ДА ИЗВЕЗУВАМЕ СТРУЈА – Бислимовски за бенефитите од стратешките инвестиции
Економија

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ЌЕ СЕ ПРЕПОЛОВАТ И МОЖЕ ДА ИЗВЕЗУВАМЕ СТРУЈА – Бислимовски за бенефитите од стратешките инвестиции

05/02/2024

AA

Со влезот на стратешките енергетски инвестиции ќе се зголеми енергетската
независност на земјава и сметките за парно ќе се преполоват, изјави Марко Бислимоски, претседател на
Регулаторната комисија за енергетика во интервју во утринската
емисија на Слободен печат.

„Одлично е што ќе имаме конечно француска инвестиција и
заедно со реализацијата и на грчката инвестиција во енергетиката граѓаните може
да очекуваат стабилни сметки за струја и пониски сметки за топлинска енергија.
Во исто време поради ниската цена ќе се зголеми интересот за приклучување кон
мрежата за топлинска енергија и ќе се ослободат количини што ЕСМ ги произведува
на ниво од два блока во РЕК Битола. ЕСМ ќе може да продава струја на берза и
парите да ги насочи кон инвестиции. Концептот на приватни инвеститори во
случајов стратешки е применуван секаде во Европа. Тоа е модел каде приватниот
инвеститор гради енергетските капацитети, а енергенсот се откупува по однапред
утврдена цена што е пониска од онаа што ја има ЕСМ. Сега ЕСМ ја продава
струјата на ЕВН хоме по цена од 58 евра за Mw/h, додека од стратешките партнери ќе изнесува 55 евра
за Mw/h. Внимавајте при што доминантно струја е од РЕК Битола од јаглен, чие
производство ќе поскапе поради данок од ЕУ од 70/80 евра за Mw/h што значи дека
цената ќе достигне до 150 евра. Дај боже да има уште повеќе инвеститори
и од увозна земја ќе станеме земја што извезуваме струја. Само во 2023 ја преполовивме количината што се увезува поради
приватните инвестиции и тоа е одлична работа“, изјави Бислимоски.

Фактор објави за стратешките инвеститори за кои во Собранието се доставени неколку посебни закони.

За две години издадени се лиценци за производство на електрична енергија од
обновливи извори со инсталиран капацитет од скоро 600 MW  и тоа се инвестиции на приватниот сектор
претежно од фотоволтаични централи потенцираше Бислимоски.

„Она што е направено во независна Македонија кога енергетиката е во прашање
е околу 85 отсто приватна инвестиција.
Државната ЕСМ ја има направено Козјак односно ХЕЦ СВ Петка и ветерната
електрана во Богданци што е вкупно 140 MW, додека останатите околу 900 MW. 
Тезата дека државата треба да гради енергетски капацитети е легитимна, но
поради енергетската криза ЕСМ обезбедува субвенционирана цена за граѓаните и е
во загуба – добива пари од буџет. Сега ќе може да ја задржи ниската цена,
граѓаните да добиваат и пониски сметки“ посочи Бислимоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

По загубата од поплавите колегите од Малешевијата застанаа зад Никола

09/04/2026
Македонија

Одложено рочиштето за убиствата на Вања и Панче – Боре

09/04/2026
Македонија

ТОКСИКОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ МОЖЕ ДА ОДАТ САМО КАЈ ОБВИНИТЕЛСТВОТО И КАЈ

09/04/2026
Македонија

Измени во законот за трансплантација: Повеќе можности за дарување органи

09/04/2026
Македонија

ТАВ Македонија е добитник на сертификатот Great Place To Work®

09/04/2026
Македонија

Собранието го усвои законот за мотоцикли до 125 см³ со

09/04/2026
Македонија

АЛКОХОЛОТ И ВОЗЕЊЕТО НЕ ОДАТ ЗАЕДНО! Апел до возачите за

09/04/2026
Македонија

Приведен 64-годишен маж од Радовиш: Се сомничи дека предизвикал пожар

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42287
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

По загубата од поплавите колегите од Малешевијата застанаа зад Никола и му донираа овци!

09/04/2026

Солидарноста меѓу сточарите повторно излезе на површина откако дел од колегите решија да му помогнат на свој пријател и колега

Одложено рочиштето за убиствата на Вања и Панче – Боре Видевски се наоѓа на болничко

09/04/2026

Рочиштето во Апелациониот суд во Скопје, на кое требаше да се разгледуваат жалбите во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска

ТОКСИКОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ МОЖЕ ДА ОДАТ САМО КАЈ ОБВИНИТЕЛСТВОТО И КАЈ СУДОТ Родителите на починатите деца

09/04/2026

Дел од родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани утрово пристигнаа пред Судска медицина, во обид да добијат одговори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy