Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“: Вешто лице од Словенија тврди дека несоодветна терапија кај дел од пациентите ја забрзала смртта
Македонија

СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“: Вешто лице од Словенија тврди дека несоодветна терапија кај дел од пациентите ја забрзала смртта

09/02/2026

AA

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца лекари, обвинети за несовесно работење и тешки дела против здравјето на луѓето. Клучното сведочење го даде вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, која анализирала вкупно 51 медицинско досие на пациенти на Клиниката.

Равник посочи серија фрапантни пропусти во начинот на кој биле лекувани пациентите, нагласувајќи дека во дел од случаите терапијата директно влијаела на влошување на состојбата или на фатален исход:

Равник нагласи дека „златниот стандард“ – конзилијарното одлучување – речиси не постоел. Од 51 прегледано досие, само во едно имало запис од мултидисциплинарен конзилиум. Документацијата ја оцени како исклучително нецелосна, со недостаток на клучни податоци како анамнеза, телесна тежина и висина.

Адвокатот на првообвинетиот Васев, Боби Спирковски, ги отфрли наодите како ригидни и теоретски, тврдејќи дека вештакот не ги познава реалните услови во македонското здравство.

Судењето продолжува со дополнителни сослушувања на вешти лица од Словенија, а за кон крајот на март се најавени и сведочења на експерти од Србија.

Покрај оваа постапка, против Нино Васев и поранешниот економски директор е поднесено уште едно обвинение за проневера и злоупотреба, со која државниот буџет бил оштетен за над 2,2 милијарди денари. Досега, само еден онколог призна вина и доби условна казна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРАНСФЕР НА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК НА ДУИ: Арбен Зибери премина во

09/02/2026
Македонија

Поднесе оставка од потпретседателка, денеска ја избраа за нова претседателка

09/02/2026
Македонија

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА

09/02/2026
Македонија

СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“: Вешто лице од Словенија тврди дека несоодветна терапија

09/02/2026
Македонија

НИКАКО НЕ ПИЈТЕ: Водата од водоводот во Струга забранета за

09/02/2026
Македонија

НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО НОВА КОМИСИЈА Целта

09/02/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА „ВЛАДИНОТО БИФЕ“: Каде исчезна храна вредна 70.000 евра?

09/02/2026
Македонија

11-годишно момче тешко повредено по удар со велосипед во дрво

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41252
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРАНСФЕР НА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК НА ДУИ: Арбен Зибери премина во Демократското движење на Изет Меџити

09/02/2026

Арбен Зибери, поранешниот пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), донесе одлука да ја промени партиската средина. Тој

Поднесе оставка од потпретседателка, денеска ја избраа за нова претседателка на Форумот на жени на

09/02/2026

Поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, е новата претседателка на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА СИ Не го спаси тврдењето

09/02/2026

Стојанче Зарков, штипјанецот кој во август лани во алкохолизирана состојба ја уби сопствената 84-годишна мајка, е осуден на доживотна казна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy