СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в петок ќе врне

Времето во среда, 8 април, ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h).
Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 21 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Следува период на променливо облачно и посвежо време. В среда и в четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). В петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.
.