Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопскиот бискуп Стојанов по повод Велигден: Христос воскресна, надеж наша!
Македонија

Скопскиот бискуп Стојанов по повод Велигден: Христос воскресна, надеж наша!

18/04/2025

AA

Bискупот Киро Стојанов денеска упати Велигденска честитка.

„Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се слави во ист ден и на Исток и на Запад, папата Фрањо повикува, сите ние како Христови ученици, да го сфатиме ова како можност за да направиме решителен чекор кон единство во врска со заедничкиот датум за Велигден. Тој истакна дека Велигден не се случува по наша иницијатива, ниту според овој или оној календар, туку затоа што Бог „толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“. Бог е тој што има првенство, бидејќи Тој го направи првиот чекор, и затоа не треба да се затвораме во нашите планови, нашите проекти, нашите календари, во „нашиот“ и „ваш“ Велигден. Велигден му припаѓа на Христос! „Католичката црква е подготвена да прифати датум за кој сите се согласуваат.

Папата напомена дека оваа Јубилејна година се совпаѓа со 1700-годишнината од Соборот во Никеја (325), чиј симбол на верата „ги надминува сите поделби што го делеле Телото Христово низ вековите… да ги откриеме повторно заедничките корени на верата, да го зачуваме единството“, бидејќи оваа годишнина не е само историски спомен на Никејскиот собор, туку и обврска за денешните христијани.

Во оваа Јубилејна година до сите нека допре велигденскиот повик „Господ воскресна, надеж наша!“ Секој христијанин нека го доживее искуството на Марија Магдалена, која побрза да им ја соопшти радосната вест на учениците: „Го видов Господа“ (Иван 20,18). Тоа е средба што го менува животот: средба со единствениот Човек, кој ни дозволува да ја искусиме сета Божја добрина и вистина, кој нè ослободува од злото, но не на површен начин, моментално, туку нè избавува од него на радикален начин, нè лекува целосно и ни го враќа достоинството. Затоа Воскреснатиот беше за Марија Магдалена „нејзина надеж“, бидејќи преку него се роди за нов живот, тој и подари нова иднина, добар живот, ослободена од злото.

Воскреснатиот Христос не припаѓа на минатото, тој е жив, присутен денес како сила на надеж за својата Црква и утеха за христијанските заедници кои се најмногу искушувани од дискриминација и прогонство поради својата вера. Тој, наша надеж, нека ни подари мир и надеж на сите, особено во регионите на оваа наша планета кои се најпогодени од страдања, во земјите каде што луѓето се изложени на големи искушенија на војна, уништување, немири и пустошења.

Во нашата средба со Него, да го слушаме и да се обратиме, а потоа со нашиот живот да посведочиме: „Го видов Господа!“

На сите Ви посакувам честит празник Воскресение Христово – Христос воскресе!“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОБАРАЛ ПАРИ ЗА „МИРНО РЕШАВАЊЕ“ НА ТЕПАЧКА И ЗАДРЖАЛ 500

15/04/2026
Македонија

НЕДОЗВОЛИВО ТАРГЕТИРАЊЕ МЕДИУМИ И НОВИНАРИ Новинарските здруженија со остра реакција

15/04/2026
Македонија

ПО 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ГРАБНУВАЧИ ОД КОРЕШНИЦА Го

14/04/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ЗАПАЛИ НА ПЛЕТВАР Нема информација за повредени

14/04/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа во Скопје: Две лица повредени на булевар „Словенија“

14/04/2026
Македонија

Ахмети: Македонија не може да преживее без Албанците!

14/04/2026
Македонија

Ивановски: Сигурен сум дека не само роботи, туку по некое

14/04/2026
Македонија

📷 ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА Двајца повредени

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42483
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОБАРАЛ ПАРИ ЗА „МИРНО РЕШАВАЊЕ“ НА ТЕПАЧКА И ЗАДРЖАЛ 500 ЕВРА Полицаец од Струмица заработи

15/04/2026

Полицаец од Струмица е осомничен дека посредувал во случај на нарушен јавен ред и мир и побарал пари за „мирно

НЕДОЗВОЛИВО ТАРГЕТИРАЊЕ МЕДИУМИ И НОВИНАРИ Новинарските здруженија со остра реакција на пресот на Филипче

15/04/2026

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот

ПО 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ГРАБНУВАЧИ ОД КОРЕШНИЦА Го измачувале за да признае дека

14/04/2026

 Судот во Кавадарци определи по 30 дена притвор за двајцата грабнувачи од демиркаписко Корешница, потврдија попладнево од кавадаречкиот суд за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy