
Скопјани играле комар во Тетово: Полицијата ги уапси, пронајден и нож!
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (2 април) околу 23 часот и 10 минути во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“ казниво по член 398 од Кривичниот законик.
Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Во истиот објект, при извршен преглед над Б.А.(34) од скопски Чаир, бил пронајден нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.