Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скандал во прилепско училиште: Родител упаднал кај директорката со закани и навреди – „Не сакам детето да ми учи со ѓупчишта“
Македонија

Скандал во прилепско училиште: Родител упаднал кај директорката со закани и навреди – „Не сакам детето да ми учи со ѓупчишта“

29/11/2025

AA

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) донесе мислење со кое утврди дека родител на прваче во Прилеп извршил тешко вознемирување врз основа на етничка припадност и општествен статус. Инцидентот се случил во основно училиште, каде таткото, револтиран што неговото дете треба да учи во иста средина со деца од ромската заедница, упаднал во канцеларијата на директорката, упатувајќи навреди и закани кои ја шокирале јавноста.

Случајот е пријавен од страна на в.д. директорката на училиштето, која била директна жртва на нападот. Според наодите на Комисијата, родителот одбил да го запише детето во училиштето кое му следувало според реонизацијата, користејќи говор на омраза.

Во претставката до КСЗД, директорката детално го опишала настанот што се случил околу пладне. Родителот влегол во нејзината канцеларија и агресивно реагирал на фактот што неговото дете е распоредено во тоа училиште.

Покрај расистичките навреди, тој упатил и закани по животот на директорката и нејзиното семејство. Поради претрпениот стрес и вознемиреност, директорката побарала медицинска помош во Итната помош и на нервното одделение во прилепската болница.

Во своето произнесување пред Комисијата, родителот ги негирал обвинувањата. Тој тврдел дека неговата посета била само за да ја извести директорката дека детето веќе е запишано во друго училиште, врз основа на адресата на мајката.

Тој доставил и документи (лични карти и имотен лист) со кои сакал да докаже дека мајката и детето живеат на друга адреса која спаѓа под друго училиште. Меѓутоа, Комисијата утврдила дека адресите на таткото и мајката во личните карти се различни, а во изводот на детето како адреса на живеење е наведена токму онаа која води кон спорното училиште.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација заклучи дека родителот немал легитимна и оправдана причина да одбие упис во тоа училиште, освен неговите предрасуди.

Донесени се две клучни препораки:

Доколку родителот не постапи по овие препораки, Комисијата најави дека ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy