Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скандал во Италија: Нов закон дозволува убивање до 8 мечки секоја година
Македонија

Скандал во Италија: Нов закон дозволува убивање до 8 мечки секоја година

06/03/2024

AA

Регионот Трентино во северна Италија воведува нов закон со кој ќе се дозволи убивање на најмногу 8 „проблематични“ мечки годишно од 2024 до 2025 година. Во понеделникот локалниот парламент го одобри законот, поддржан од регионалниот претседател Маурицио Фугати.

Тоа е поради инцидентите во текот на изминатата година, вклучително и фаталниот напад на мечка во април, во кој загина човек кој џогира. Расте и популацијата на мечки во областа.

Не смеат да бидат убиени повеќе од две возрасни женски и две возрасни машки мечки, како и четири младенчиња, предвидува законот.

Меѓународната организација за заштита на животните (ОИПА) соопшти дека ќе го оспори законот на национално и европско ниво, а локалните активисти за правата на животните го опишаа како „зло“.

„Овој закон е обична одмазда што нема да направи ништо за подобрување на безбедноста на граѓаните на Трентино“, напиша една од италијанските организации за заштита на животните во соопштението.

„Наш приоритет е да ја гарантираме безбедноста на жителите на Трентино“, рече Маурицио Фугати за новиот закон.

Тој исто така рече дека „опасните мечки мора да се убијат“ и ги нарече „неефикасни“ предлози за нивно преместување, кои ги даваат активистите за правата на животните во земјата.

„Доколку владата нема намера да го оспори овој ужасен и неприфатлив закон, сега сме подготвени да се свртиме кон Европската унија. Ова би значело можен случај против Италија за прекршување на Директивата за заштита на природните живеалишта и дивата флора и фауна“, рече ENPA, друга организација за заштита на животните.

Италијанскиот министер за животна средина Жилберто Пичето изјави за медиумите дека „убиството не може да биде единственото решение“ и нагласи дека тоа треба да биде „средство што се користи како последно средство“.

Пред еден месец, шумските власти убиле мечка позната како М90 по наредба на Фугати, кој сметал дека животното е опасно откако наводно во неколку наврати бркало туристи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45393
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy