Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви од Кочани се сретнаа со  директорот на Судска медицина
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви од Кочани се сретнаа со директорот на Судска медицина

10/04/2026

AA

Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска имаа средба со директорот на Институтот за судска медицина во Скопје Александар Станков, од кого пред неколку дена побараа одговори за токсиколошките анализи од обдукцијата на телата на жртвите.

Директорот на Институтот за судска медицина во Скопје, Александар Станков, во изјава за медиумите по средбата, рече дека разговарале и им било објаснето сè што треба и дека сите докази ќе бидат јавно презентирани во судница.

– Разговаравме и објаснето им е сè што треба досега да се објасни. Како што и претходно дадов изјави, сè што е побарано од нас е завршено и сите докази ќе бидат јавно презентирани во текот на судската постапка – изјави Станков.

Александар Наунов, татко на Надица Наунова која загина во пожарот, а кој е претседател на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, по средбата со директорот на Судска медицина Александар Станков, изјави дека ги примил и разговарале, но дека не може да дава никакви податоци за извршените анализи, уверувајќи дека материјалите се предаени на Обвинителството.

– Денеска не прими директорот Александар Станков, со него разговаравме. Тој не може да каже од што и како е, тоа мора да биде изведено на суд – изјави Наунов.

На средбата, како што појасни Наунов, добиле само потврда дека се направени токсиколошки анализи.

– Ние имавме и претходно средба со него, затоа што тој сам ни кажа дека тоа ќе влијае на судењето и било што да се изведе, ние да го дознаеме, пред да го даде на судот. Затоа го почитуваме и имаме доверба во Институтот и ќе чекаме со нетрпение да дојде рочиштето, да ја слушнеме правата вистина за нашите деца од што починале – изјави Наунов.

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна на 16 март 2025 година и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Судењето се наоѓа во фаза на доказна постапка и се испитуваа сведоци предложени од обвинителството. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

.

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА

10/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во

10/04/2026
Македонија

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не

10/04/2026
Македонија

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има

09/04/2026
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена соработка и размена на информации

10/04/2026

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија м-р Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија

ЌЕ СЕ ИСТРАЖИ ЗОШТО НЕКОИ ЦЕНИ РАСТАТ ОД ДЕН ЗА ДЕН Владата следната недела ќе

10/04/2026

„Го намаливме ДДВ-то на горивата најмногу во целиот регион, а потоа интервениравме и со акцизата што позитивно влијаеше, имајќи предвид

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ИЗГУБИ ВО УЛОГАТА Единствен коректив на власта во моментот е народот, вели Лефков

10/04/2026

Опозицијата се изгуби во својата улога, додека единствениот коректив на власта во моментот е народот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy