Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“
Економија

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

30/08/2024

AA

Огнен Димитров, синот на професорот од Машинскиот факултет – Скопје, Константин Димитров, инаку еден од најголемите критичари на енергетската политика на минатата власт, стана еден од директорите  „Номагас“, акционерското друштво во државна сопственост за одржување на системот за пренос на природен гас и за гасификација.

За Огнен Димитров може да се пронајде дека доаѓа од Центарот за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори, каде што неговиот татко е претседател.

Инаку Константин Димитров, редовен критичар на енергетските мерки на претходната власт, е еден од членовите на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Огнен Димитров сега ќе биде неизвршен независен член на Одборот на директори.

Инаку претходно двајца колеги од Машинскиот факултет на премиерот Христијан Мицкоски – Маја Аначкова и Стевче Антовски, кој стана познат во јавноста по критиките и обвинувањата кон РЕК Битола  како член на партиската комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, веќе станаа членови на Надзорниот одбор на АД ЕСМ.

Нов директор на „Номагас“ официјално е Мухамет Елмази на местото на Бајрам Реџепи. Елмази е Советник во Советот на Град Скопје, а за него претходно „Левица“ објави дека му е братучед на Изет Меџити, лидерот на „Демократско движење“ од ВЛЕН.

Останати членови на Одборот на директори се Крсте Миладинов, како негов претседател, Бошко Стефановски и Хајриз Бучи. Покрај Реџепи,си заминуваат Рафис Аљити, Бетиане Китиев, Ристо Талевски и Дарко Башоски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕШКО ПОВРЕДЕН СЕДУМГОДИШНИК Автомобил удри дете во Кочани

15/04/2026
Македонија

Трамп: Вештачката интелигенција мора да има „прекинувач за исклучување“

15/04/2026
Македонија

По седум месеци пауза, Вардариште повторно гори: Граѓаните најавуваат блокади

15/04/2026
Македонија

САХАРСКАТА ПРАШИНАТА ОД ГРЦИЈА ДОАЃА И ВО МАКЕДОНИЈА Воздухот ќе

15/04/2026
Македонија

„МЕ УДИРАШ ПО БУБРЕЗИТЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОЗНАВА, ОТИ

15/04/2026
Македонија

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство е постоечка законска обврска,

15/04/2026
Македонија

Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштети од напади на

15/04/2026
Македонија

СТАРИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ ОСТАВЕНИ ВО ВРЕЌА НА ПАТЕКА ВО БУТЕЛ!?

15/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42518
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕШКО ПОВРЕДЕН СЕДУМГОДИШНИК Автомобил удри дете во Кочани

15/04/2026

Седумгодишно дете е тешко повредено откако било удрено од автомобил на улицата Стамен Манов во Кочани, информираше полицијата. Несреќата се

Трамп: Вештачката интелигенција мора да има „прекинувач за исклучување“

15/04/2026

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека вештачката интелигенција (AI) мора да поседува т.н. „kill switch“ (прекинувач за итно исклучување) со

По седум месеци пауза, Вардариште повторно гори: Граѓаните најавуваат блокади

15/04/2026

По седуммесечно затишје кое следеше по бурните протести и силниот јавен притисок минатата година, депонијата Вардариште денес повторно се запали.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy