
Синоќа гром предизвика пожар во куќа во Велес – нема повредени
Синоќа околу 20:35 часот во Територијалната противпожарна единица во Велес била пријавена дојава за пожар предизвикан од удар на гром. Пожарот избувнал во куќа лоцирана на улицата „Крали Марко“ бр. 17, во стариот дел од градот, познат како „Карпа Маале“, во близина на центарот на Велес.
Пожарникарите веднаш излегле на терен и интервенирале навремено, со што спречиле поголема материјална штета. Пожарот бил целосно локализиран и изгаснат до 21:55 часот.
Во инцидентот, според првичните информации, нема повредени лица. Надлежните служби ќе извршат увид за да се утврди точната причина за пожарот и процената на штетата.