
Силната бура остави повеќе од 200.000 домаќинства во САД без струја
Силното невреме остави повеќе од 200.000 домаќинства без струја во главниот град на САД – Вашингтон и неговата околина, пишува Вашингтон пост. Без струја се и жителите на сојузните држави Вирџинија и Мериленд.
Во главниот град има паднати дрвја и оштетени домови.
Во сојузниот округ Колумбија две лица се повредени кога дрво паднало врз нивниот автомобил. Еден од нив е во тешка состојба.
Налетите на ветрот достигнаа 37 метри во секунда, според Националната метеоролошка служба. Невремето беше придружено со силен дожд.