Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици
Македонија

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици

30/04/2025

AA

Во првиот квартал од 2025 година, цените на суровата нафта се движеа помеѓу 60 и 68 долари за барел што претставува намалување во однос на опсегот од 68 до 93 долари за барел, во првиот квартал од 2024 година. Ваквиот пад првенствено беше предизвикан од неизвесноста околу развојот на глобалниот трговски протекционизам, инфлаторните притисоци и геополитичките тензии. Инфлацијата доведе до повисоки трошоци за производство, додека геополитичките прашања го дестабилизираа пазарот.  Како резултат на трговските тензии, проекциите за растот на глобалната побарувачка за нафта беа намалени,  за разлика од општото зголемување на цените во првиот квартал од 2024 година, предизвикано од геополитички ризици и нарушувања во снабдувањето.

Обемот на продажба во првиот квартал од 2025 година изнесуваше 247 илјади М³, со пад од 10% споредено со истиот период минатата година. Производите беа пласирани на двата пазари на кои компанијата традиционално работи (домашниот и извозниот), при што извозот учествуваше со 24% во вкупниот обем на продажба.

Бруто-добивката достигна 269 милиони денари, што претставува намалување од 9% споредено со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 107 милиони денари.

Прилагодената ЕБИТДА за периодот достигна 137 милиони денари, бележејќи годишен раст од 25%. Ова е резултат од зголемената продажба на домашниот пазар, зголемените чисти извозни бруто-маржи, повисоката бруто маржа на електрична енергија и намалувањето на оперативните трошоци за 5%. Остварената ЕБИТДА забележа пад од 15% споредено со истиот период лани, главно поради  негативниот ефект на вреднување на залихите од 20 милиони денари, наспроти позитивниот ефект од 28 милиони денари постигнат во претходната година.

Во согласност со своите стратешки приоритети и одлуката да ги зајакне инвестициите во почисти извори на енергија и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, компанијата инвестираше 9 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првиот квартал од 2025 година. Овие тековни инвестиции не само што придонесуваат кон одржливоста на животната средина, туку обезбедуваат и  значителни економски придобивки.

Посветеноста на компанијата на својата стратегија за ООП останува цврста и доследна, особено во поглед на поддршката на средината и заедницата каде што ОКТА работи. Годината започна со фокус на иднината на земјата – децата и младите. Преку нашата годишна донација од 6.000 литри екстра лесно масло за греење на СОС Детското село во Скопје, обезбедивме доволни количини за целосно покривање на потребите за греење за целата година. Ваквиот придонес значително ги подобрува условите за живот на децата без родителска грижа.

Во текот на првиот квартал од годината, ОКТА ја најави својата програма за стипендии за постдипломски студии во земјата и во странство. Оваа иницијатива го поддржува нашето уверување дека инвестирањето во образованието и новата генерација значи инвестирање во поодржлива и посигурна иднина. Нашите вработени пак, повторно ја покажаа својата посветеност на општествената добробит преку учеството во првата традиционална крводарителска акција за оваа година, потврдувајќи ја својата непоколеблива посветеност на хуманоста и благосостојбата на заедницата.

ОКТА има за цел да ја задржи својата лидерска позиција на локалниот пазар преку обезбедување на редовно и непрекинато снабдување со горива од највисок квалитет до своите клиенти на пазарите на кои работи. Унапредувајќи ги своите иницијативи за автоматизација, компанијата работи на подобрување на својата организациска ефикасност, намалување на трошоците и поставување на цврста основа за идни остварувања.

Преку прифаќање на иновациите и приспособливоста, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy