
Силен земјотрес во Мексико: Земјата се стресе со јачина од 5,7 степени
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Мексико.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Куалута на длабочина од десет километри, пренесува EMSC.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.

