
Силен земјотрес вечерва во Турција
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Турција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случи на длабочина од 25 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 144 километри јужно од градот Денизли, кој има повеќе од 300.000 жители, а најблизок поголем град е Фетије со 60.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
